15 Изградување на идните генерации

„За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистина.“

3 Јован 4

Што и зошто

 

Во духовната мултипликација, градителите на движења не само што имаат ученици, туку тие имаат генерации на ученици. Мултипликацијата започнува кога ученикот со кој работиш има свои ученици. Замисли си дека работиш со Кристијан. Кристијан го љуби Господ и знае дека сите верници се повикани да прават ученици. Во чекор на вера, Кристијан се моли на Бог да му даде 2-3 студенти со кои ќе работи тој.

 

Во моментот кога Кристијан ќе започне да работи со овие студенти тој има нови одговорности, а исто и ти. Кристијан најверојатно има потреба да го прошири својот сет на вештини за да стане ефективен ментор на студенти. Да претпоставиме за момент дека тој бара помош од тебе. Кристијан всушност бара од тебе да го научиш како да стане ефективен ментор на други луѓе.

 

Во контекст на духовната мултипликација, Крстијан (твојата прва генерација на ученик) сака научи како да работи со други (твојата втора генерација ученици).

 

Кристијан

Прва генерација ученици – Јас работам со моите ученици. Јас ги поучувам, ги охрабрувам во нивниот растеж. Јас иницирам. Бог ме поставил мене да имам голем удел во нивниот растеж.

 

Втора генерација ученици – Јас работам со ученици кои водат други ученици. Моите ученици водат други, јас ги охрабрувам/насочувам во нивниот напредок. Моите ученици прават и користат план. Моите ученици се директно вклучени во растежот на втората генерација.

 

Што треба да направиме ако сакаме да му помогнеме на Кристијан да расте и да биде ефективен ментор? Како можеме да придонесеме во процесот со тоа што ќе го подржиме и ќе го насочуваме Кристијан?

Проучување на Библијата

 

Прочитај од Тит 1:4-5

Кликни за текст

Во 4ти стих Павле ни кажува нешто за неговото пријателство со Тит. Што можеме да научиме од тоа пријателство?

 

Знаеме од други места во Библијата (Галатите 2:1) дека Тит бил еден од сопатниците на Павле. (Ние можеме да го сметаме Тит како „прва генерација на ученици“ на Павле.) Тој отишол со Павле во Ерусалим. Тој исто така патувал до Коринт. Павле го опишал Тит на овој начин: „Тит ... е мој другар и соработник за вас.“ (2 Коринќаните 8:23)

 

Што значи зборот „соработник“?

 

Во Тит 1:5, Павле го пратил Тит на една многу важна мисија.

 

Која беше мисијата на која бил испратен Тит во Тит 1:5? 

 

Ако ја разгледаме природата на задачата, колкава доверба имал Павле во Тит?

 

Тит најверојатно поверувал преку Павле. Тој патувал со апостолот и станал негов соработник. Павле го испратил, со целосен авторитет, да им помогне на неколку цркви во Крит да донесат некои важни одлуки во водството. Павле инвестирал во Тит, Тит го следел примерот на Павле со тоа што инвестирал во други. Павле продолжил да му помага на Тит додека тој работел со други. На повеќе начини, ова била Павловата цел на писмото што му го напишал на Тит.

 

Кои работи може да ги примениш од примерот на Павле и Тит во твоите напори да правиш ученици?

 

На кој начин се вклопува Тит во описот на „поверлив човек“ кој го проучивме во 2 Тимотеј 2:2?

 

Разбирање на вистината

 

 

Светот на спортот е исполнет со неверојатни луѓе кои постигнале врв. Кога овие спортисти се пензионираат, некои од нив стануваат врвни тренери. Интересно е што некои од најдобрите спортисти и не се баш најдобри тренери на други луѓе. Огромните квалитети кои ги имале како индивидуални играчи не се доволна подготовка за да поучуваат други.

 

Кои вештини треба да ги развијат овие неверојатни спортисти за да бидат добри тренери?

 

Исто како што личниот успех во спортот автоматски не произведува светски тренер, така ни индивидуалната работа на евангелизација и поучување не ни ги дава тие вештини кои ни се потребни за да градиме генерација на луѓе кои ќе прават ученици.

 

Промена на начинот на размислување

 

Понекогаш ја започнуваме нашата работа за Бог мотивирани од она што ние го правиме. Ние сакаме Бог да нѐ искористи. Сакаме да водиме други луѓе до Христос. Сакаме да правиме ученици. Овие активности ни носат огромна лична сатисфакција и растеж.

 

Како што го слушаме Господ, тој ги зголемува работите што нѐ мотивираат. Тој сака ние да ги мултиплицираме работниците. Нашата визија расте и тоа создава желба да видиме како ДРУГИТЕ зборуваат за Христос и прават ученици.

 

Најверојатно апостолот Јован ни покажал ваков тип на мотивација. Во неговото трето писмо, во 4ти стих тој пишува: „За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистина.“

 

Што можеш да научиш од мотивацијата на Јован во оваа изјава?

 

Како можеш да го примениш она што го читаш во овој стих во твојата работа за Бог?

 

Не знаеме конкретно што работеле „децата“ на Јован. Она што го знаеме е дека тој се радувал на одлуките што тие ги правеле. Одлуки што го инспирирале Јован да каже дека тие чекореле по вистината.

Ако сакаш да го присвоиш менталитетот што го гледаме кај Јован, дали има нешто што треба да се промени во твојот живот?  

 

Додека поучуваме други, ние ја прифаќаме целта да им помогнеме тие да станат успешни работници. Ние ја прифаќаме одговорноста да им помогнеме да најдат свои ученици. Ова бара од нас да се заинтересираме за работата на НИВНИТЕ раце.

Михајло се сретнува со Боби веќе неколку недели. Боби е гладен нов верник, полн со енергија. Тој расте многу брзо. Сам нашол добри хријстијански книги и читал нешто што Михајло никогаш не проучил. Боби почнал да оди во црква и дури одел и со Михајло да зборуваат со нови студенти за Христос.

 

Михајло го мотивирал Боби да преземе чекор на вера. Имало некоја група од три студенти кои живееле во истиот студентски дом. Сите биле духовно отворени. Едниот бил верник. Михајло му рекол на Боби да започне да води Библиско проучување со оваа група на студенти.

 

Одеднаш Боби, кој до пред скоро време среќен и полн со енергија, се соочил со внатрешна бура. Почнал да поставува многу прашања. Умот на Боби на изглед како да се фиксирал на најлошите сценарија. Тој мислел за себеси дека не знае доволно за Библијата. Бил загрижен дека нема да може да им помогне на тие три студенти. Не сметал дека е најдобрата личност за оваа задача. Боби бил исплашен од одговорноста да води и да се грижи за тие три студенти.

Кои се причините заради кои Боби се исплашил од овој предизвик?

 

Како може Михајло да му помогне на Боби да прави ученици?

 

На кој начин можеби Боби се чувствува како Петар, кој побарал од  Христос да излезе од бродот и да отиде кај него по водата?

 

Кои пасуси од Библијата би можеле да помогнат во оваа ситуација?

 

Во пракса

 

Those who are great disciplers share some common practices.  We can learn from those who have second and third generation disciples.  Here are some of their best practices.

Совети за како да работиш со втората генерација

Најчесто се молиме, бараме од Бог да ни даде мудрост. Следниве практични совети се покажале како полезни за оние кои работат со втора генерација на ученици.

Зголеми ја фреквентноста на твоите средби со ученикот кој учи да води други луѓе

Работата со луѓе со себе повлекува многу прашања и предизвици. Планирај да бидеш активен во охрабрувањето. Одвоj време за слушање. Сфати дека работата со други луѓе ќе придонесе да се изградат нови карактерни особини кај твојот ученик. Помогни му на твојот ученик да го извлече максимумот од овие можности. 

Запознај се со твојата втора генерација на ученици

Само затоа што овие студенти не се „твои ученици“ не значи дека треба да си оддалечен од нив. Всушност, тешко е да се молиме за оние кои не ги знаеме. Имаме можност да бидеме охрабрување и да имаме позитивно влијание во животот на овие студенти. Затоа, барај можност како да се вклучиш во нивниот растеж. Отиди на некоја   забава со нив. Отидете на одмор заедно. Искусете го животот заедно. Ова најверојатно многу ќе го охрабри твојот ученик. 

Запомни дека ти си втор по авторитет во животот на твојата втора генерација

Додека работиш со твојата втора генерација направи простор за твојот ученик да води. Биди му поддршка во неговата/нејзината работа. Пази се од искушението незабележливо да преземеш       водство. Потсети го твојот ученик дека веруваш во него/неа. 

Моли се за твоите ученици

Побарај од Бог да им даде мудрост и смелост која е потребна за нивниот нареден чекор на вера. Побарај од Бог да ги потсети кои се тие во Христос и дека Тој може сѐ да направи преку нив. Побарај од Бог да ја благослови нивната работа додека тие ја започнуваат следната генерација ученици. 

Мојот наряден чекор:

 

Твојот нареден чекор зависи најмногу од твојата сегашна ситуација во работата со други луѓе.

 

1) Ти можеби сеуште веруваш дека Господ ќе ти даде ученик кој ќе сака да помогне во исполнувањето на Големото Пратеништво. Ако си во ваква ситуација, размисли кои луѓе можеш да ги прашаш да ти се приклучат во изградување на духовно движење. Прашај ги.        

2) Можеби имаш ученик како Боби, исплашен да го преземе наредниот чекор. Како можеш да го мотивираш и да го поддржиш тој студент да преземе чекор на вера? Што можеш да направиш оваа недела?

3) Можеби имаш ученик кој веќе работи со други. Дали можеш да направиш нешто заедно со твојот ученик кое ќе придонесе во еуфоријата и енергијата на неговиот труд за инвестирање во овие луѓе?

 

Мојот следен чекор е:


 

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.