06 Мојата приказна – сведоштво

Исус му рече: „Оди дома при своите, и раскажи им што ти направи Господ и како ти се смилува.”

Марко 5:19

Што и зошто

 

Веќе имаш искусено како Светиот Дух ти зборува во срцето. Го знаеш чувството кога си упатен кон факултет, а мислите ти се преплавени со прашања. Гледаш наоколу и забележуваш студенти кои Му го немаат отворено срцето на Христос, и се прашуваш: Кога ли ќе го слушнат Евангелието? Кога ќе дознаат за крстот?

 

Овие прашања се од Бог. Заради нашата љубов кон Бог, ние сакаме сите луѓе да ги запознаеме со Исус Христос. Заради нашата љубов кон луѓето, ние сакаме да ги запознаеме нив со Единствениот преку кој може да доживеат обновена врска со Бог.  Затоа, се прашуваме, „Како можам јас да помогнам?“ „Како можам да им кажам на студентите за Христос?“ 

 

Бог го подготвува секое Негово чедо да биде негов амбасадор (2 Кор. 5:20). Еден начин на кој нѐ подготвува е со тоа што ни дава приказна за раскажување. По Божјата благодат, ние не сме исти како порано. Бог ни ги простува сите гревови и ни дава сигурност во Неговата вечна љубов. Таквата промена креира лична приказна која вреди да се раскажува постојано.

 

Бог сака ти да бидеш раскажувач на приказни. Сака да раскажуваш за тоа како Тој го промени твојот живот.

Проучување на Библијата

 

Тоа се случи на еден земјен пат од Ерусалим до Дамаск, најверојатно во 35г. од наша ера. Небото се отвори со заслепувачка светлина и го опфати Савле и неговата банда на религиозни фанатици. Го кутна Савле на колена. Тој повеќе се исплаши од зборовите што ги слушна од небото отколку од светлината. Гласот од небото му рече: Оној што најмногу го мразиш, Кој фанатично Го прогонуваш, не е никој друг туку Божјиот Месија. Тоа била драматична точка пресвртница за еден Фарисеј кој претходно преку проучување станал убеден дека Исус од Назарет е лажен пророк. (Можеш да ја прочиташ оваа случка во Дела 9:1-19)

 

Бо Библијата пишува дека Савле, кој е наречен Павле, ја кажувал својата приказна многу често. Можеме да научиме многу од неговиот пример конкретно дека ја раскажувал својата приказна постојано.

Во Дела 22 глава, Павле ја раскажува својата приказна. Контекстот е прилично драматичен. Павле до овој момент веќе 15 години му служел на Бог. Тој имал искуство како проповедник, филозоф и оратор. Не е дека немал доволно знаење и материјали за да се покаже како таков. Сепак, кога во оваа прилика тој им се обратил на една голема група на луѓе, ... со повеќето од кои и не се ни знаел, многу од нив немало никогаш повеќе да ги види ... Павле сепак одлучил да ја раскаже својата приказна.

 

Прочитај од Дела 22:1-21

Кликни за текст

 

Што забележа кај Павле додека ја раскажува својата приказна? Што избра тој да искомуницира?

 

Колку долго ти требаше да ја прочиташ оваа приказна? (Да, отприлика колку минути)

 

Кога ќе направиме една анализа на приказната на Павле, ќе видиме дека тој следи основен план. Накратко раскажа каков му бил животот ПРЕД да се сретне со Христос. Потоа раскажува како се сретнал со Христос. И на крај, спомнува неколку промени во неговиот живот кои се РЕЗУЛТАТ од тоа што тој се сретнал со Христос.

 

Еден од најомилените начини на комуникација на Павле е баш преку својата приказна. Во Дела 26 глава тој имал чест да му се обрати на еден цар. Царот Агрипа бил многу важно римско официјално лице и бил одговорен надзорник над Израел. Повторно, Павле бил во ситуација каде што за прв пат зборува со некој, и колку што тој знаел, немало да има втора шанса да зборува со истиот човек. И во оваа ситуација, учениот религиозен водач и проповедник избира да биде раскажувач на приказни.

 

 

Прочитај од Дела 26:1-23 (or watch the dramatic recreation of the scene recorded in Acts 26).

Кликни за текст

Што забележуваш кај начинот на кој Павле ја кажува својата приказна во оваа ситуација? 

 

Изгледа дека Павле бил секогаш спремен да ја раскажува својата приказна. Тој го употребувал своето сведоштво за да се поврзе со луѓето што го слушаат и да го насочи нивното внимание кон Христос.

 

Разбирање на вистината

 

Низ вековите наназад, луѓето секогаш уживале да слушаат приказни. Денес, добрата приказна го има истиот ефект како и пред илјадници години. Таа ја стимулира љубопитноста на слушателот и го приближува концептот до чувство на реалност.

 

Твојата приказна е можеби една од најдобрите алатки што ги поседуваш за да започнеш разговор за Христос. Ако ја раскажуваш често и јасно, луѓето најверојатно подобро ќе те разберат и тебе, но и самото Евангелие.

 

Сега е време да почнеш да ја пишуваш твојата приказна. Повеќето раскажувачи на приказни ја имаат извежбано уметноста на раскажувањето на истата. Не само што ја знаат приказната, туку знаат и како јасно да ја раскажат. Најчесто во приказните нема да најдеме заслепувачки светлини од небото. Да, приказната на Павле има драматични и уникатни елементи. Но, и твојата приказна е уникатна. Таа се состои од уникатни делови кои што Бог ќе ги употреби за да те поврзе со срцата на оние што те слушаат

 

The following worksheet is designed to help you. Го следи едноставниот план кој го наоѓаме во сведоштвото на Павле.

Чекор по чекор лист:  

 

Одбери еден пример од твојот живот пред да му го отвориш срцето на Господ Исус Христос.

   Кажи ни каков си бил?

   Што си правел?

   Најдобро е да кажеш некој пример кој енергично ја отсликува ситуацијата таква каква што била.

 

Потоа потсети се како ти се запозна со Христос.

   Каде беше?

   Со кого беше?

   На што размислуваше?

   Што ти откри Бог во тие моменти?

   Зошто одлучи да му го отвориш срцето на Христос?

 
За крај, што се промени во твојот живот како резултат на твојата одлука?

   Какви знаци има дека Бог работи во тебе?

   На кој начин е твојот живот променет сега?

Со цел да ја зголемиме визијата за користење на нашите приказни во разговорите за Христос, погледнете ги овие сведоштва кои претставуваат еден пример за раскажување на приказнa. Листа на онлајн сведоштва.

Во пракса

 

Време е да ја раскажеш твојата приказна. Прво, Раскажи му ја твојата приказна на твојот ментор, или на некој од твојот тим. Замоли ги да ти помогнат со тоа што ќе те слушаат внимателно. Потоа, прашај ги дали твојата приказна е јасна и дали имаат предлози како да ја раскажеш уште појасно.

 

Раскажи му ја твојата приказна на некој кој треба да слушне за Христос. Договорете се да одите на кафе со некој пријател. Искористи ја првата можност да се запознаеш со некој и да направите добар муабет. Помоли му се на Бог да ја искористи твојата приказна и да ја стимулира духовната глад кај студентот со кој сте се запознале.

 

Проверка на моето знаење

 

Сега откако ја раскажа твојата приказна два пати, одвоj неколку минутки да си запишеш што ти се допадна додека ја раскажуваше твојата приказна.

 

Што кажа или направи, а што ти предизвика чувство на ефективност?

 

Дали има некој дел од твојата приказна на кој треба да поработиш уште малку? Ако да, кој дел?

Пренеси го знаењето

 

Сите имаме приказна за кажување. Ти можеш да им помогнеш на студентите да научат како да ја раскажат својата приказна.

 

Замоли некој да ти каже како тој одлучил да му го отвори срцето на Христос. Слушај внимателно. Кога ќе заврши, охрабри го со тоа што ќе се навратиш на оној дел од приказната што навистина те допрел. Ако гледаш дека покажува интерес, кажи му дека има една лекција која ќе му помогне да ја раскаже својата приказна на јасен начин. Покажи му го работниот лист што ти го искористи за да го подготвиш твоето сведоштво.

 

Дополнителна помош: Следниот видео клип на многу добар начин ни објаснува како се подготвува лично сведоштво: http://crupressgreen.com/videos/crupress-presents-your-personal-testimony/

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.