04 Потпирање врз силата на Светиот Дух

“А еве, Јас ќе го испратам на вас ветувањето на Мојот Татко; а вие останете во градот, додека не се облечете во сила одозгора.”

Лука 24:49

Што и зошто

 

Во Библискиот цитат што го спомнавме Исус им дава изненадувачка поука на своите ученици. Тој им вели да НЕ одат и да им кажуваат на луѓето за порака што ќе им го промени животот. Зошто Тој привремено го забавил ширењето на евангелието? Одговорот е во истиот цитат. Без силата на Светиот Дух, учениците не биле подготвени да ја исполнат својата задача.

 

Само малкумина можат да ја илустрираат оваа поента подобро од Петар. Ноќта пред Христос да умре Петар рекол, со голема смелост – „ Спремен сум да одам со тебе и во темница и во смрт“ (Лука 22.33). Но, оваа спремност брзо ја снемало. Човекот кој го љубел Исус се откажал од Него три пати истата вечер кога ја кажал таа смела изјава.

 

Потоа нешто се променило. На денот на Педесетница, Бог им го испратил својот Дух на Неговите следбеници. Петар, кој поминал повеќе од неколку денови во страв, со увереност и со сила им зборувал на мноштвото луѓе собрани во Ерусалим (Дела 2:14-41). Тој ден 3,000 луѓе поверувале во Христос.  

 

Приказната за Петар и останатиот дел од Новиот Завет ја потврдуваат важната функција на Светиот Дух. Секој човек кој му го отворил срцето на Христос е запечатен со Светиот Дух. Сепак има голема потреба да научиме што значи секојдневно да бидеме исполнети со Светиот Дух, да се потпираме на неговата сила. Во оваа лекција ќе научиме повеќе за тоа како да се потпираме на Бог.

Проучување на Библијата

 

Примарната лекција за Светиот Дух што Христос ни ја кажува е запишана во Евангелието според Јован 14-16. Како што се подготвувал да оди на крстот Тој им објаснил на своите ученици што требало да знаат за моментот кога Тој веќе нема да биде физички со нив. Тој става нагласување на три работи: Бог ќе го испрати Својот Дух, ние ќе пребиваме во Христос и Светиот Дух ќе нѐ води.

 

Прочитај од Евангелието според Јован 14:16-18

Кликни за текст

 

Што ни кажуваат 16ти и 17ти стих за Светиот Дух и што ќе направи Светиот Дух во животот на учениците?

 

18ти стих ни кажува една многу важна вистина која го охрабрува секој верник. Исус имал план. Иако Тој физички ги напуштил своите ученици, Тој немало да исчезне од нивниот живот. Светиот Дух им бил даден на следбениците на Исус Христос со цел тие да не останат како сираци. Со доаѓањето на Светиот Дух имаме поврзаност со Бог и на тој начин Христос останува во нас. Духот Божји им овозможува на оние кои веруваат во Исус Христос да бидат поврзани со Него.

 

Проучи ги овие два стиха: Евангелие според Јован 15:4-5

Кликни за текст

Ние ќе продолжиме во блиска врска со Христос заради Светиот Дух во нас. Заради Светиот Дух можеме да пребиваме во Христос.

 

Зборот пребиваме значи „да останеш, да бидеш“ цврсто поврзан за нешто или за некој. Овие стихови кажуваат дека одговорноста на верниците е да останат поврзани со Христос. 5иот стих ја споредува нашата поврзаност со Христос, со поврзаноста на лозата со нејзините прачки. Единственото нешто што прачката треба да направи е да „остане поврзана“ со лозата. Лозата ѝ дава на прачката сѐ што ѝ треба за да даде плод.

 

Напиши со свои зборови што значи да „пребиваш во Христос”

 

Која вистина ја кажува Исус за христијаните што пребиваат во Него?

 

Какво животно искуство ќе имаат христијаните кои не пребиваат во Христос?

 

Прочитај од Евангелието според Јован 16:5-13

Кликни за текст

Во 6ти и 7ми стих Исус го забележува разочарувањето кај неговите ученици и им објаснува зошто таа огромна промена на неговото „заминување“ е всушност добра за нив. Каква предност ќе имаат ако Тој замине?

 

Кога ќе дојде Светиот Дух, тој ќе има неколку одговорности:

Светот ќе го... (8ми-11ти) стих 

 

Верниците ќе ги... (13ти-14ти стих).

 

Зошто е важно ветувањето на Христос за Светиот Дух, дека Тој ќе нѐ води и ќе ни открива вистини кои самиот Тој ги кажувал?

 

Уживај во следната гледна точка за тоа како Светиот Дух работи во нашите животи.

Разбирање на вистината

 

Апостолот Павле често зборувал за Светиот Дух. Павле запишал една конкретна, од Бог дадена вистина за Светиот Дух.

 

Проучи ги овие стихови: Послание до Ефесјаните 5:15-21

Кликни за текст

Кога си исполнет со Светиот Дух имаш сила која ти овозможува да пребиваш во Христос. Зборот исполнет значи да бидеш управуван и исполнет од Светиот Дух кој живее во секој верник. Заповедта буквално значи, „дозволи му на Светиот Дух да те исполни“. Исполнувањето со Светиот Дух е Божјо дело кое ние му го допуштаме на Бог и тоа го правиме по своја волја. Има огромна разлика кога ти го управуваш својот живот и кога му дозволуваш на Бог да го управува твојот живот.

 

Која е Божјата волја за сите христијани? ( 17-18 стих)

 

Водејќи се според цитатот од Ефесјаните 5та глава, кои одлуки треба да ги направиш за да му дозволиш на Бог да те исполни со неговиот Дух?

Кои нови приоритети во твојот живот ќе произлезат како резултат од твоето потчинување на водството на Светиот Дух?

 

Во практика

 

Еве 3 предлог чекори кои ќе ти помогнат да го искусиш водството и силата на Светиот Дух:

 

1. Преземи чекор на вера. Божја работа е исполнувањето со Светиот Дух. Но, иако тоа е Божја работа, Тој очекува нешто и од нас. Тој очекува од нас да поверуваме. За тоа треба вера. Бог ја нагласува важноста на верата повеќе пати во Неговиот Збор. Преку вера ние му се обраќаме на Христос и на тој начин тој нѐ очистува од нашите гревови. Преку вера Тој ни станува Господар и Спасител. Преку вера Тој нѐ исполнува со Светиот Дух.

 

Ако си спремен да преземеш чекор на вера, пробај на овој начин да се помолиш:

 

Боже, сакам да пребивам во Христос. Признавам дека јас го управував мојот живот. Ти благодарам што ми ги опростуваш моите гревови преку смртта на Исус Христос на крстот. Сега, се молам и барам од Христос да го преземе престолот на мојот живот. Те молам исполни ме со Светиот Дух и води ме да ја исполнувам твојата волја.

 

2. Прочитај ја книшката со преносен концепт #3 „Како да бидеш исполнет со Светиот Дух.“ Напиши 3-5 важни принципи од она што ќе прочиташ.

Кликни на овој линк за овој  Преносен Концепt.

 

3. Со твојот ментор зборувајте за она што си научил од лекцијата. Прашај го како му влијае животот исполнет со Светиот Дух на принципите во животот.

Искуствата што веќе си ги имал кога си зборувал со студенти за Христос веќе те поттикнале да размислуваш колку е важно да се потпреш на Бог и на Светиот Дух. Секој детаљ од изградувањето на движења е поврзан со работата на Божјиот Дух преку нас. Ние започнавме еден процес на растеж кој не се ни осмелуваме да го исполниме сами. Божјиот Дух ќе нѐ води напред, ќе нѐ движи кон зрелост во Христос.

Пренеси го знаењето:

 

Кои важни вистини ги откри во оваа лекција?

 

Кој би имал придобивка ако ги слушне тие вистини?
Напиши двајца со кои ќе ги споделиш:

 

Оваа книга ти ги претстави книшките наречени „Преносни Концепти“. Овие книшки многу ќе ти помогнат. Можеби ќе сакаш после оваа лекција да ги разгледаш и другите наслови на тие книшки да видиш дали ќе сакаш да проучиш и некои други теми.

 

Кликни на овој линк за овој Преносните Концепти :

        Transferable Concepts 

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.