08 Помогни му на новиот верник да расте

И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него:
вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што
сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.  
Колошаните 2:6-7

Што и зошто

 

Тоа што си одлучил да ја проучуваш оваа лекција покажува дека веќе си на добар пат да се вкорениш и да се зацврстиш во твојата вера. Ти имаш веќе откриено дека Библијата изобилува со вистини кои го менуваат животот. Преку Светиот Дух и Библијата, тебе Бог те води по една патека која станува се' подобро осветлена.

 

Не секој се движи по таква патека. Најверојатно сеуште се сеќаваш како ти беше кога се сопнуваше и паѓаше низ животот, водејќи се според лажни претпоставки. Можеби се сеќаваш на деновите кога нештата што ги знаеше за Исус можеа да се избројат на прсти. Најголем број од студентите сеуште се наоѓаат во таа магла. Нив очајно им е потребна помош. Бог те подготвува тебе да им помогнеш.

 

Ти си Негов амбасадор. Негов слуга, кој може да ги води другите до светлината која ти веќе ја имаш откриено. Еве некои вештини кои треба да ги развиеш за да го правиш тоа. Денес, ќе се осврнеме на вештините потребни за да му се помогне на некој да почне да расте во верата.

 

Ќе ги вежбаме овие вештини додека работиме на многу важна тема. Кога Христос ни ги прости гревовите, го презеде престолот на нашиот живот и ни овозможи обновена врска со Бог. Оваа нова врска ни нуди увереност и сигурност какви што немавме претходно. Многу христијани заглавуваат во страдања што произлегуваат од несигурностите кои Христос сака да ги отстрани. Тие се сомневаат во Божјата љубов, прошка и прифатеност. Таквите сомнежи го попречуваат духовниот растеж. Во оваа лекција, ти се подготвуваш да им помогнеш на другите да развијат библиска увереност дека тие се обединети со Христос, запечатени со Неговото ветување и силно возљубени Божји чеда.

Проучување на Библијата

 

Прочитај од Колошаните 2:6-7

Кликни за текст

 

Во 6ти стих Павле ја потенцира поврзаноста на искуството кое го имаме кога го примиве Христос и како продолжуваме да се зближуваме со Него. Која е таа поврзаност?

 

Во 7ми стих се запишани 3 термини кои искажуваат што ќе се случи ако „чекориме“ со Исус. Кои се тие 3 фрази?

 

Што значат овие фрази?

 

Потсети се на она што Христос те поучил. Кој пример можеш да го дадеш за тоа како ти се "зацврсти" и "вкорени" во твојата вера?

вкоренети и надѕидани во Него 

Прочитај од Колошаните 2:1-3

Кликни за текст

 

Во овие стихови Павле на своите пријатели од Колос им кажува дека не е пасивен. Тој се труди и мачи за нив. Прави големи напори за да им помогне.

 

Кои цели ги имал Павле за верниците кои се спомнати во 1-3?

 

Зошто зборот „богатства“ е поврзан со „полната увереност на знаењето” (2стих)

 

Каде ќе ги најдеме овие богатства? (3стих)

 

Кога се потсетуваш на твојот живот пред да му го отвориш срцето на Христос, од каде си црпел мудрост и знаење?  

 

Ние сакаме да им помогнеме на другите да ги откријат и искусат Божјите богатства. Затоа ние ќе се „мачиме“ како Павле. Ќе научиме како да им помогнеме на другите да ги окријат Божјите богатства.

Разбирање на вистината

Христос постојано им помагал на луѓето да се зближат со Бог. Тој им помагаше да ги заменат нивните дотогашни претпоставки со нови. Неговиот метод не беше да ги насочи кон некоја „синагога“ или некоја религиозна служба/литургија. Тој демонстрираше дека може да им се помогне на луѓето да преземат чекор на вера било каде и било кога.

Како градители на движења, ние сакаме да бидеме како Исус, да им помагаме на луѓето да преземаат чекори на вера било каде и било кога. По Божјата благодат, ние можеме да се среќаваме со нив, да ја отвараме Библијата, да зборуваме за Божјите вистини и да им помагаме на луѓето да растат.

Во оваа лекција ќе те запознаеме со 5те лекции за надградба кои ќе им помогнат на новите верници да ги преземат своите први чекори на вера. Овие интерактивни лекции се на благослов за многу луѓе (дури и за оние кои веќе со години верувале во Христос, но сепак ги немале откриено овие вистини).  

Овие четири лекции за надградба се дел од ВОЛТ материјалите:

♦ Од несигурност до увереност

♦ Од безвредност до прошка

♦ Од неспособен во оснажен

♦ Напредок кон зрелост

Сега ќе се фокусираме на првата лекција за надградба.

Сумаризација на алатката:

Лекцијата за надградба која ќе ја користиш е интерактивна. Додека работиш со оваа алатка, твојата првенствена цел е да и помогнеш на личноста да ги открие Божјите вистини кои ќе ги најде во Библијата. Суштината на оваа лекција се наоѓа во неколку прашања кои ќе ја водат личноста да открие што Бог има кажано во Неговиот Збор.

Сега отиди на првата лекција за надградба и разгледај ја. Клик овде:  Од несигурност до увереност

Додека ја поминувате лекцијата, нека тоа биде тимска работа. Менувајте се кој ќе ги чита прашањата. Кога има посочено некој пасус од Библијата, замоли го студентот да го прочита. Кога ќе ги поминувате прашањата, нека одговара прв студентот

Кога ќе каже свое мислење, охрабри го, дури и ако неговиот одговор не е баш прецизен. Потенцирај го она што го кажале точно и насочи го студентот кон библискиот текст кој го одговара прашањето.

Оваа интерактивна лекција е едноставна. Треба да си опуштен и да уживаш во ова искуство на заедничко проучување на Божјиот Збор.

Подготовка да го водиш студентот во интерактивната лекција.

1. Прочитај ја лекцијата. Најди ги библиските пасуси и набљудувај како стиховите даваат одговори на прашањата.

2. Разработи ја оваа лекција со некој соработник.

3. Побарај некој кој сака да ти помогне.

4. Подели ја лекцијата на неколку делови. Во првиот дел „води“ го твојот   соработник   низ материјалот. Променете си ги улогите во наредниот дел и     дозволи му на твојот соработник да „води“. .

Откако ќе завршите со вежбање, направете евалуација. Побарај фидбек кој ќе ти помогне да ги подобриш своите вештини.

Совети за користење на ВОЛТ лекциите за надградба

Павле зборувал дека сака да биде „добар градител“, сакал да знае како да го прави тоа најдобро. Ние сакаме да бидеме како него додека му служиме на Господ.

Поставувај прашања и биди љубопитен

Оваа лекција изобилува со прашања. Секое прашање е лесно за нов верник да го одговори. Остави им простор да се "изборат" со текстот и да ја пронајдат вистината. Љубопитно слушај го нивниот одговор. Фокусирај се на тоа да дознаеш што тие навистина веруваат. Ја имаш постигнато целта ако твојот соговорник зборува повеќе од тебе. Навистина откриј што тие мислат и насочи ги кон Божјиот Збор. Остави простор за Божјиот Збор да ги убеди. 

Наизменично читајте ги библиските стихови

Најважниот дел од секоја лекција е Библијата. Осигурај се дека вашата дискусија е поврзана со Божјиот Збор. Твојот соговорник нека ги чита библиските стихови на глас. Ти прочитај некои од другите пасуси. Текстовите се понекогаш во самата лекција или се само на еден клик поврзани со линк. 

Опушти се и уживај во видеата

Секоја лекција има барем еден видео клип. Овие кратки визуелни презентации придонесуваат да има разновидност во вашата интеракција. Некои студенти ќе бидат многу среќни што има видео клип кој го збогатува материјалот. Некои нема толку да бидат имресионирани. Очигледно, ние работиме со широка палета на најразлични луѓе. Одвој време да му дозволиш на соговорникот да ужива во пораката од клипот. 

Што да правиме со пополнување на одговорите?

Од тебе зависи на кој начин ќе работиш со пополнување на одговорите. Едноставно може само да зборувате за одговорите. Може да одвоиш време за твојот соговорник да ги запише своите одговори. Ти одлучи. Имаш слобода! 

Цртај и чкрткај

Секој човек си има свој стил. Ако сакаш да црташ или чкрткаш, ПРАВИ ГО           ТОА. Приспособи ја лекцијата за надградба како што ТЕБЕ ти одговара.   Изрази го твојот карактер во неа. Од срце прави го тоа. Ако си најдобар со         пенкало и лист ... така работи си! 

Во пракса

 

Закажи да се видиш со некој нов верник да разговарате за првата лекција за надградба. (Ако немаш водено некој до Христос, можеш да се сретнеш со некој кој потенцијално е ученик) Пред да се видите, дај и на дознаење на личноста дека во Библијата има стихови кои се однесуваат на таа тема и кои тебе лично ти биле од помош.

 

 


Проверка на моето знаење

 

Што научив на темата помагање на нов верник да почне да расте во неговата вера?

 

Какви прашања имам за помагање на нов верник да почне да расте во неговата вера?

 

Постави му ги тие прашања на твојот ментор. 

 

Пренеси го знаењето

 

Оваа лекција те запозна со неколку работи кои можеш да ги пренесеш на други. Ти имаш материјали кои се лесни за користење кои може и други да ги искористат.

 

Што ќе пренесеш и на кого?

 

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.