18 Моќта на молитвата

„Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност
искажувајте ги своите просби пред Бога!“

Филипќаните 4:6

Што и зошто

 

Молитвата е израз на блискост и поврзаност. Откако влеговме во Божјото семејство ние имаме привилегија да зборуваме и да се поврземе со нашиот Татко во секое време. Господ нѐ љуби и нѐ повикува да останеме интимно блиски со Него. Тој ужива во оваа блискост толку многу што бара од нас да се молиме постојано. Тој бара од нас да Го бараме и ни ветува дека ако правиме тоа ќе Го најдеме. Кога се молиме, Бог нѐ слуша, одговара и гледаме како Бог делува.

 

Царот Давид ги инспририрал сите генерации на верници со овие зборови, „Подобро е еден ден во Твојот дом, подобро е еден ден во Твојот двор, отколку на илјада други места!“(Псалм84:10) За Давид, блискоста со Бог била скапоцена. Тој се восхитувал на убавината, височеството и раскошот на неговиот Цар. Тој извикувал кон Господ во моменти на криза и на слабост. Тој му бил благодарен на Бог за своите победи. Преку постојаната молитва тој ни моделирал како изгледа да сме постојано поврзани со Бог.

 

Христос, со својата жртва на крстот, ни даде нов пристап кон Таткото. Тој изјави „Завршено е“, завесата во храмот се расцепи од горе до доле што покажува дека имаме пристап до Бог преку делото на Христос. Така, ние приоѓаме во присуството на Бог со сигурност и со радосно срце. Ние знаеме дека стоиме пред Господ измиени и побели од снег заради прошката откупена со Христовата жртва. Христовото дело ја осигура нашата врска со Таткото.

 

„И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта,

за да примиме милост и за да најдеме благодат,

за помош, во време на потреба.“

Евреите   4:16

 

Понекогаш нашата врска со Бог е многу интимна – ние се сретнуваме со Бог насамо. Друг пат тоа е заедничка активност – се молиме заедно. Заедницата го бара Бог, се сретнува со Бог, го слуша Бог. Заради тоа што Бог е центарот на нашето движење, молитвата е една од централните активности. Тоа е наша движечка сила. Здравото движење се моли. Здравото движење ужива во заедничката поврзаност со Таткото.

Проучување на Библијата

 

Исус Навин бил избран од Бог да ја води еврејската нација во Ветената земја. За да можел да ја прими таа земја Исус Навин ја водел нацијата во воен конфликт. Тој се борел со непријателите. Ги водел Божјите луѓе кон нивното ветено наследство.

 

Во Исус Навин, ние гледаме многу повеќе од само воен стратег. Тој бил човек кој го љубел Бог, се молел и ги водел своите луѓе кон Господ.

800-Joshua-C06

Прочитај од Исус Навин 24:1

 

“Потоа Исус ги собра сите Израелеви племиња во Сихем;

и ги свика Израелевите старешини, главатарите,

судиите и управителите нивни,

и тие застанаа пред Господа..”

 

Што забележуваш за контекстот на оваа случка?

 

Кој бил присутен на средбата?

 

Кое било првото нешто кон кое Исус Навин ги „водел луѓето“ за да го направит?

 

Водачот на Божјите луѓе ја собрал нацијата и ПРВОТО нешто што тие го направиле било дека „застанале пред Господа“. Како што можеш да замислиш, Исус Навин најверојатно имал долга листа на цели кои сакал да ги пренесе на оваа средба. Тој бил одговорен да ги води своите луѓе, да спроведе правда и да ја брани својата нација. Но, тој ја започнал средбата со тоа што ги одвел луѓето кај Господ. Нивната блискост со Бог била негов најголем приоритет. Кога доаѓаме пред Бог ние ставаме приоритет на молитвата, славењето и на духовната зависност.

 

Во Исус Навин ние гледаме водач кој ги разбирал Божјите приоритети. Исус Навин ефективно ја пренел Божјата порака на луѓето и ги замолил да се посветат.

 

Прочитај од Исус Навин 24:14-21

Кликни за текст

 

Која била Божјата порака за неговите луѓе? (14стих)

 

Како требаше луѓето да ја исполнат оваа порака? (15стих)

 

Што одлучиле да направат луѓето?

 

На кој начин Исус Навин се покажал како позитивен пример за следење?

 

Ние можеме да научиме од овој пример на духовна заедница. Тие отишле пред Господ. Тие ја барале Божјата порака и поука. Одлучиле да го следат Господ. И тогаш и сега Господ ги повикува своите луѓе да се приближат кон Него и да се молат.

Прочитај од 2 Летописи 7:14

 

и ако се смири Мојот народ, кој се наречува со Моето Име, и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја излечам земјата. (2 Летописи 7:14)

 

Бог им ги кажал овие зборови на своите луѓе во интересен контекст. Поголемиот дел од претходната глава е една долга молитва искжана додека Божјите луѓе биле собрани заедно. (2 Летоп. 6) Во контекст на заедницата, Господ ја нагласува важноста на молитвата. Тој побарал од своите луѓе да Го бараат, да зборуваат со Него, да се поврзат со Него. Во овој текст, Бог покажува дека има поврзаност помеѓу Неговите ветувања и молитвата. Ако неговите луѓе се молат, Бог ќе ги слушне, ќе им одговори и во пасусот пишува дека како резултат на тоа нивната земја ќе биде исцелена.

praying

In the New Testament we find God’s people praying together on the occasion in which the Holy Spirit was given. (Acts 2) While the people of God were corporately participating in prayer God chose to act and send his blessing. This dynamic spiritual community was devoted to prayer. (Acts 2:42)

 

Молитвата е суштинска активност на Божјата заедница. Заедницата што го љуби Господ доаѓа пред Него, Го бара во молитва и се подготвува да ги     следи Божјите заповеди. Нашите движења Му служат на Господ на сличен начин. Ние доаѓаме пред Господ, се принесуваме себеси и се поврзуваме со Него како заедница. Ова му е многу угодно на Господ.

 

Причини зошто се молиме заедно:

 

Исус вели: „Пак, ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата околу било која работа каква и да посакат, ќе им биде дадено од Мојот Татко, Кој е во небесата. Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.” (Матеј 18:19-20)

 

Во овој пасус Исус конкретно им нагласува на своите следбеници да се молат заедно. Која е причината што става нагласок на заедничката молитва?

 

Исус ги охрабрувал своите слдбеници да се молат. Во проповедта на гората Тој рекол, „ Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.“ (Матеј 7:7-8)

 

Какви резултати може да очекуваме ако молиме, бараме и чукаме?

 

Кога го гледаме нашето движење и овој дијаграм кој ни дава кратка визуелна претстава на изградување на движење, за што ние треба да Го молиме Господ?

 

Откако нѐ охрабри да се молиме, да бараме и да чукаме Исус го потенцира карактерот на Бог во Матеј 7:9-11. Што учиш за Таткото во овој пасус и како тоа треба да влијае на начинот на кој се молиме?

 

Разбирање на вистината

 

Prayer-Team-Banner-2-960x250

Во твојот поход да станеш верен ученик несомнено е дека ќе се молиш индивидуално. Оваа лекција повеќе обрнува внимание на развојот на заедничката молитва. Божјите луѓе треба да застанат пред Господ и како семејство, да искажат љубов и обожување кон Таткото. Ние сме повикани не само да Го бараме Господ кога сме сами, но и кога сме собрани заедно.

 

Сите ние сме пораснале во култура која ни влијае на нашето размислување. Во овој дел од светот многу нации имаат богат историски и културен израз на христијанството. Овие културни шеми ги оформуваат очекувањата за тоа како треба да се изразува верата. Многумина имаат забележано дека во нивното искуство, нагласокот на заедничка молитва е слаб. Луѓето не се навикнати да се собираат заедно и да се молат. Тие се пораснати во семејства каде што не се молеле заедно. Гледале како понекогаш молитвата му била делегирана на некој професионалец – свештеник, монах или на некоја друга важна личност. За да имаме молитвено движење ние треба да молиме од Господ да нѐ поучи како сака Неговата заедница да се моли.

 

Ние сме посветени на развивање молитвени движења. Знаеме дека пред сѐ учиме како да се молиме едноставно преку молење. И така, се радуваме кога студенти од стотици универзитети ќе се соберат во мали исполнети соби да го бараат Бог и да „застанат пред Него“. Ние со цело срце ги покануваме студентите да ни се приклучат во молитва. Брзо ги покануваме новите верници да помогнат во водење и осмислување на овие молитвени средби. Веруваме дека растеме преку молитвата.

 

Како што се собираме со студентите, ние се молиме еден за друг. Се молиме за движењето. Бараме од Бог да ги отвори очите на оние кои се духовно слепи. (2 Коринќаните 4:4) Се молиме за светот. Бараме од Бог да растеме духовно. Има илјадници причини за молитва.

Во пракса

 

Со цел да го зацврстиш нагласокот на молитвата во движењето има неколку работи што можеш да ги направиш.

 

♦ Прво, ако твоето движење има заедничка молитва, приклучи им се. Те молам немој да имаш став дека ако не можеш да одиш на сите средби, да не отидеш на ниедна од нив. Молитвената средба не е клуб во кој се зачленуваш. Молитвените средби се за Божјите деца да се сретнат заедно и да го бараат Неговото лице.

♦ Второ, ако таму каде што си нема молитвена група, најди двајца или тројца верници и почни молитвена група. Како што ќе сретнуваш други верници, кани ги и нив да ви приклучат на молитва.

♦ Трето, пријави се да водиш дел од молитвената средба. Бог ќе те употреби, ќе ти даде насока како да ги водиш твоите пријатели да го бараат Неговото лице. Тој ќе работи во тебе и преку тебе за да сите заедно се сретнете со Господ и да ги барате Неговите цели.

 

Доддека ја водиш молитвената средба помогни ѝ на групата да се молите за основните елементи за изградување на движењето. Следниве прашања ќе ти помогнат да се подготвиш:

Како може движењето да се моли за изгубените?

 

Како може да се молиме    за нашите напори при евангелизацијата? ?

 

Како може движењето да се моли за сопствен растеж при правењето ученици? Што треба ние да молиме, а што е поврзно со нашиот личен растеж?

 

Како можеме да се молиме за работници, водачи и нови движења?

 

Помоли го Бог да те направи човек кој се моли заедно со другите како што Бог ни наложил.

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.