14 Божјиот Збор

„Зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово. Зашто „секое тело е како трева, и сета нејзина слава како цвет од трева: тревата се осушува и цветот ѝ опаѓа, а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.”

1 Петар1:23-25

Што и Зошто

 

Гладот за знаење ги привлекува младите луѓе кон факултет. Потрагата по знаење за физика, психологија, компјутерско програмирање и историја ги водеше твоите колеги кон најголемата транзиција во нивните животи.

 

Апостолот Павле се решил да тргне на своjата потрага по знаење. Тој го искажал тоа на свој начин – „ За да Го познавам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, станувајќи сличен на Него во Неговата смрт.“ (Фил. 3:10) Павле барал друг вид на знаење. Овој вид на знаење наизглед било нразумност за мудрите Грци. Неговиот стремеж го водел до вистинското познаење на Бог. Најважното нешто во таа потрага на Павле било Божјото Слово.

 

Павле вели, „Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.“ (2 Тимотеј 3:16) Ако бараме пример на луѓе кои покажале дека се добро „опремени“, Павле ни е инспирација. Бог го има употребено во повеќе провинции во Римската Империја со цел да започне движења. Тој изградил многу движења и ги изградил квалитетно.

 

Ние се стремиме кон она што Павле го барал – подлабоко познавање на Христос. Некои верници го наоѓаат, а некои не. На пример, да претпоставиме дека си се запознал со некој вчера кој верува во Христос веќе 5-6 години и гледаш дека тој ужива во неговата блиска врска со Христос и дава плод. Денес пак се запознаваш со друг човек кој исто така верува во Христос веќе 5-6 години, но во разговорот со него забележуваш дека нема многу пораснато во неговата вера. Тој сеуште нема одговор на истите прашања и сомнежи од првиот момент кога тој поверувал. Поради неговата несигурност, тој не само што не зборува за Христос, туку нема ни желба да зборува за духовни теми. Зошто има толку голема разлика помеѓу овие двајца?

 

Иако можеби има премногу фактори, една најважна разлика помеѓу овие двајца е тоа што првиот редовно го чита, проучува и го применува Божјото Слово. Вториот не го прави тоа. Најголемо влијание има начинот на кој го тргнуваме во потрага по знаење за Бог. Бог ни се открива преку Неговиот Збор. Неговите деца растат кон зрелост преку поуките од Божјиот Збор. Тој нѐ подготвува за добри дела преку училиштето на Библијата.

Проучување на Библијата

 

Прочитај од 2 Тимотеј 3:16-17.

Кликни за текст

Павле ни дава 4 уникатни намени на Библијата. Кои се тие? 

 

Објасни како овие 4 уникатни намени придонесуваат кон твојот духовен растеж.

 

Прочитај ги овие Библиски пасуси и наброј колку што можеш повеќе придобивки што Библијата ги придонесува во животот на верниците:

 

Прочитал Псалм 1:1-3.

Кликни за текст

придобивки идентификувани:

 

Прочитал Псалм 119:97-105.

Кликни за текст

придобивки идентификувани:

 

Јован 8:31-32.

Кликни за текст

придобивки идентификувани:

 

Колосјаните 3:16.

Кликни за текст

Како ќе изгледа твојот живот ако „зборот длабоко пребива во тебе?”  

 

Како ќе те обучи зборот да поучуваш и да поправаш други?

 

Божјиот Збор е неисцрпен извор на вистина и мудрост, но не е доволно само да се чита. Лука пишува, „благословени се оние кои го слушаат Божјото слово и го пазат.“ (Лука 11:28)

 

Прочитај од Јаков 1:22-25.

Кликни за текст

Што треба сите верници да бидат од 22ри стих?

 

Што мислиш зошто Јаков прави толку голема разлика помеѓу „извршителите“ и помеѓу „слушателите“? 

 

Како е опишан човекот кој е само „слушател“ а не „извршител“ во 23ти и 24ти стих?  

 

Според 25ти стих, кои се придобивките од Божјиот збор за оние кои се извршители?

Разбирање на вистината

 

ВОЛТ обуката е дизајнирана со цел да ти помогне да се зближуваш со Христос. Обуката ќе те опреми да придонесеш во изградување на движење на духовна прогресија таму каде што живееш. Учениците на Христос треба да го следат Него и да пазат сѐ што Тој им заповеда. (Матеј 28:19)

 

Еден од најважните квалитети што можеш да ги стекнеш како Христов ученик е читањето, проучувањето и применувањето на Божјиот Збор. Еден едноставен, но многу добар пристап кон проучување на Библијата е:

1) Фаќај прибелешки за пасусот што го проучуваш,

2) Пронајди што значел пасусот за првите читатели ,

3) Примени ги истите принципи во твојот живот.

 

Пополнете ги следниве проучување на Библијата:

 

Прочитај од Матеј 7:24-27 – 3 пати.

Кликни за текст

Фаќај колку што е можно повеќе прибелешки за она што ќе го прочиташ. Прибелешките се едноставно факти што ги забележуваш. (на пр. Имаше двајца мажи; едниот беше мудар, а другиот неразумен; и двајцата планираа да градат куќа; итн.))

 

Набљудувањата од Матеј 7:24-27  

 

Што сакаше Христос да ги поучи првите слушатели на неговите зборови? (толкување)

 

Што значи пораката значи за нас денес? Како што е важно сега? (Апликација)

 

Како можеш да ја примениш оваа порака во твојот живот? (Ова е тој чекор што нѐ променува од „слушатели“ во „извршители“. Како резултат од „слушањето“ на Божјиот збор, што ќе направам поради тоа што го слушнав?

 

Уживај во оваа драматична верзија на параболата што Исус ја кажал.

Во практика

Подготви се за една голема авантура преку лична комуникација со Бог преку страниците на Неговиот Збор! Д. Л. Муди бил човек кој го сакал Божјиот Збор и ги поттикнувал сите верници да научат да бидат ‘само-хранители’, тоа значи, луѓе кои можат да го отворат Божјиот Збор и кои знаат да се нахранат самите себе.

Д. Л. Муди рекол:

„Ние Христијаните треба да знаеме како да се храниме самите себеси. Има премногу Христијани кои ни изгледаат дека се беспомошни и апатични, гладни за духовна храна, кои чекаат некој друг да ги нахрани, а Библијата е веќе подготвена гозба на која тие никогаш не се гостат.”

Не дозволувај тоа да бидеш и ти! Посвети се на самоисхрана од Божјото Слово. Ако е ова нешто ново за тебе, треба да разбереш дека за да стекнеш некоја нова навика потребно е време. Еве неколку предлози за тоа како да станеш ‘само-хранител’од Божјиот Збор.

1) Одбери некој дел од денот и одвој време за Бог и Неговиот Збор.
2) Одбери место на кое ќе биде тишина и ќе нема што да ти го одвлекува вниманието.
3) Одбери која книга од Библијата сакаш да ја проучиш. (Ако ти треба предлог, Ефешаните е добра книга за проучување.)
4) Одбери неколку стихови на кои ќе се фокусираш секој ден и стави си за цел да проучиш една цела книга од Библијата. 

Користи ги овие прашања како водич секој ден додека ја проучуваш Библијата:

• Од што се состои овој пасус?
• Што сакаше писателот да им каже на првите читатели?
• Што ти кажува Бог за тебе и за твоите ставови, размислувања или дела кои треба да се променат со цел да живееш според пораката на овој пасус? Како ќе реагираш после проучувањето на овој пасус?
• Што ќе превземеш во врска со пораката на овој пасус?

Како те охрабри Бог преку овој пасус?

Пренеси го знаењето

 

Како што комуницираш со Бог преку Неговиот Збор, ти ќе почнеш да учиш прекрасни нешта за Бог, за себеси, за тоа што прави Бог во светот. Не го чувај тоа само за себе!

 

Преземи иницијатива да му кажеш на некој пријател што научи од твоето Библиско проучување. Биди му благослов на некој!

 

Кажи му како се станува само-хранител. Тоа може да биде дел од твојата служба на духовна прогресија – да им помагаш на студентите да научат како да станат само-хранители како тебе.

 

Уживај!

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.