1. Од несигурност до увереност

Разгледај ја галеријата на слики кои ги доловуваат некои од несигурностите во животот.

 

Која слика ти го привлече вниманието и како истата укажува на несигурност?

Увереноста како и несигурноста влијаат на економијата, политиката, маркетингот и врските. За нашата цел, ние ќе се фокусираме на врските. Како увереноста и несигурноста влијаат на следните врски?

                  Дечко/девојка

                  Родител/дете

                  Претпоставен/вработен

 

Со положувањето на нашата вера во Христос ние започнавме нова врска со Бог.

 

Како може несигурноста да влијае на таа врска?

 

Прочитај од Колосјаните 2:1-3

 

1 Имено сакам да знаете колкава борба имам за вас, и за оние во Лаодикија, и за сите кои што не ме виделе лично, 2 за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната увереност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа, 3 во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето.

 

Овие стихови ги спомнуваат дел од прекрасните нешта што ги примаме преку Христос. Ние примаме богатства на мудрост и знаење. Исто така примаме и "полна увереност на разбирањето." Како може довербата која ја наоѓаме преку нашата врска со Христос позитивно да влијае на начинот на кој ние се поврзуваме со Бог?

 

Библијата ја објаснува нашата врска со Бог преку термини кои влеваат увереност. Таа, исто така ни кажува дека треба да имаме доверба во нашиот нов живот во Христос.

 

Нашата врска со Бог. (Какво е нејзиното потекло?)

 

Довербата што ја имаме е резултат на она што Исус го направи за нас. Поради Неговата љубов и благодат, нам ни е целосно простено и сме целосно прифатени од Бог.

ПРОЧИТАЈ од Ефесјаните 2:8, 9

8 Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! 9 Не е од делата, за да не се фали некој.

 

БЛАГОДАТ:

 

Што ти доаѓа на ум кога помислуваш на благодат?

 

Во Библијата, благодатта се однесува на некој незаслужен дар.

 

Каква улога имаше благодатта во започнувањето на твојата лична врска со Бог?

 

 

СПАСЕН: Избавен, сочуван од пропаст.

 

Од што беше спасен ти?

 

 

ВЕРА: Како ја дефинираш верата?

 

Библијата става акцент на тоа дека верата е верување, доверба и посветеност кои водат до променети ставови и постапки.

 

Која е улогата на верата во прифаќањето на Христос? (стих 9)

само по

БЛАГОДАТ


ние сме

СПАСЕНИ


преку

Bepa

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ

 

Да препоставиме дека стоиш пред Бог и Тој те праша: "Зошто да те пуштам во рајот?" Што би Му рекол?

 

Ефесјаните 2:8-9 ни кажува дека нашата нова врска со Бог е базарана на тоа што Исус го направи. Не е нешто што ние самите го создадовме.

ПРОЧИТАЈ од 2 Коринтјаните 5:17-18

17 И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново. 18 А сè ова е од Бога, кој нè измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето.

 

Кога му се довери на Христос да ти биде Господ и Спасител, ти започна нов духовен живот. Стихот 18 нагласува дека "овие нешта се од Бог." Ние новиот живот го примаме како бесплатен подарок.

 

Со нашиот нов живот доаѓа и вечен живот.

 

 

Прочитај од 1 Јованово 5:11-13.  

11 И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. 12 Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот. 13 Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.

 

Разработи ги следнитве прашања за да откриеш колку е јасна Божјата порака за нас и каква увереност ни се дава преку Христос.

 

Базирано на 1 Јован 5:12:

 

Дали е возможно да го имаш Синот, а да го немаш животот?

 

Дали е возможно да мислиш дека го имаш животот, а всушност да го немаш?

 

Дали е возможно да го имаш живот, ама да не си сигурен?

 

Базирано на 1 Јован 5:13:

 

За кого Јован ги има напишано овие зборови?

 

Зошто ги напишал? Дали Јован верува дека ние можеме да знаеме со сигурност дека имаме вечен живот?

Во Христос ние искусуваме нов живот

Во Него е животот,

вечниот живот

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ:

 

Ако вечерва умреш, колку си сигурен дека ќе бидеш во вечноста со Бог? (0 до 100%)

 

Зошто го одбра токму тој процент?

 

Нашата увереност е целосно базирана на Исус Христос. Нашето спасение не е заработено. Нашата увереност не е во нас самите, но само во Исус. Од моментот кога ја положи својата вера во Христос, Бог ти даде вечен живот.

 

Дали некоја од горенаведените вистини има посебно значење за тебе во овој момент? Ако е така, зошто?

 

Бог ни дава НЕЗАМИСЛИВА увереност. Одвој една минута за да видиш десет нешта што Бог ти кажува за ТЕБЕ.

Click for MEDIA CREDITS


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.