Додека растеме во нашата врска со Бог, Тој го открива Неговиот карактер и волја; Светиот Дух нѐ оспособува а за да живееме на начин на кој се рефлектираат Неговиот карактер и волја.
Таткото му кажува на неговиот син да не ја допира жешката рингла. Тој не го прави тоа за да ја сруши забавата и љубопитноста на неговиот син, туку знае дека син му ќе добие изгореници. Неговата
мотивација е да го заштити и обезбеди сигурност.
Зошто да почекаш со сексот? Бидејќи Бог вели да почекаш.
Прочитај 1 Солунците 4:1-8
И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате; Вие знаете какви пораки ви дадовме од името на Господ Исус. Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство, и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост, а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога, и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано. Зашто Бог не нѐ повика кон нечистота, туку во светост. А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.
Апостол Павле им даваше комплименти на Солунците за нивното чекорење со Бог. Бидејќи нивната желба била да чекорат со Бога и да му угодуваат на Бог, Павле ги охрабрувал да напредуваат уште повеќе. Тој ја потенцира чистотата во врските, конкретно во сексуалната област.
Со чиј авторитет е дадена оваа заповед?
Каква е Божјата волја?
Клучни точки::
Бог сака сеопфатно да се осветуваме. Со други зборови, Негова волја е да го развиваме во нас Неговиот карактер во секоја област од нашите животи. Чистотата и светоста се дел од Божјиот карактер.
„Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство“
- 1 Солунците 4:3
Бог сака христијаните да не се мамат едни со други во љубовните врски. Кога предизвикуваме некој да излезе надвор од границите што Бог ги воспоставил, со тоа го измамуваме.
„...и да не престапува и го измамува во тоа братот свој“ - Солунците 4:6
Нaвидум, можеби се чини дека Библијата е полна со негативни заповеди што изгледаат наметнувачки и здодевни. Сепак, треба да запомниме дека Бог има само една мотивација - љубовта. Кога ќе разбереме дека Тој секогаш го бара најдоброто за нас, овие заповеди стануваат позитивни.
БОЖЈИТЕ ЗАПОВЕДИ: ЗА ДА ТЕ ЗАШТИТАТ И ОБЕЗБЕДАТ ЗА ТЕБЕ
Зад секоја негативна заповед стојат два позитивни принципи. Едниот е да нè заштити, а другиот е да обезбеди за нас. Со други зборови, кога Бог вели: „Не врши прељуба“, Тој не е космички расипувач на забави.
Еве зошто е дадена Божјата заповед да почекаме до сексот до брак:
[table id=18 /]
Што мислиш? Зошто Бог сака да те заштити и да обезбеди за тебе?
Погледни во следниве стихови и одговори со свои зборови: Римјаните 8:38, 39; Псалм 103:17, 18; Второзаконие 10:12
Бог нè штити со тоа што одредува ограничувања на нашите активности. Тие се израз на Неговата љубов и мудрост и нè спречуваат да си наштетиме. Неговите заповеди не само што нѐ чуваат од повреди, туку тие на специфичен начин го обезбедуваат она што ни треба.
ЧИСТО СРЦЕ ЗА НОВ ПОЧЕТОК
Една од најголемите грешки што луѓето можат да ја направат е да претпостават дека Бог не сака ништо со нив бидејќи не успеале да ја исполнат Божјата заповед во врска со сексот. Ова едноставно е неточно. Бог е свесен за нашите грешни склоности - затоа дојде Исус Христос.
Кај царот Давид, она што започна со поглед водеше кон прељуба, несакана бременост и убиство. Давид навистина потфрли, но погледни што се случи потоа.
Прочитај Псални 51:1-17
Давид го призна својот грев и го замоли Бог за прошка. И ние можеме да примаме целосна прошка и чист почеток, исто како и Давид.
Еве неколку важни чекори:
- Исповедај го гревот
Именувај го гревот пред Бог и побарај прошка. 1 Јован 1:9 - Прости си себеси
Ако не сакаш да си опростиш себеси, еве што му кажуваш на Бог:
(a) Христовата смрт не е доволна за твоите гревови.
(б) Ти си поголем судија од Бог за она што може да се прости.
Божјата благодат се продолжува за тебе поради Неговото срце полно со љубов. Кога не си простуваш себеси, Божјата благодат му ја фрлаш назад во лице. Ако Божјата благодат не може да го покрие
твојот грев, тогаш не може да покрива никаков грев.Римјаните 8:1 - Исполнувај се со Светиот Дух
Дозволи Божјиот Дух да те исполни со Неговата сила за да кажеш „не“ искушенијата што ќе дојдат. Ефесјаните 5:18 - Покажи плодови на покајание
Покајание значи свртување, промена на умот. Во Матеј 3:8 вели:„донесете плодови достојни за покајание“. Ова може да значи дека можеби треба да ја прекинеш врската или да одлучите да не останувате сами двајцата. Може да биде и нешто друго, но што и да е, твоето делување треба да покаже дека навистина си бил променет. Оној што исповеда дека е христијанин, но продолжува да практикува грев, треба да сфати дека можеби воопшто не е христијанин. Јован 14:21; Јован 2:2
Целосната Божја љубов и прошка нѐ оспособува за чист почеток и богоугоден живот.
Прочитај Даниел 1:8:
„Даниел науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го замоли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува.“
Клучен збор:
„Осквернува“ - да се онечисти
Што одлучи Даниел?
Каков беше резултатот? (Даниел 1:9-13)
Прочитај Евреите 13:4:
„Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.“
Почнувајќи од денес, дали твојата желба е да не се осквернуваш себеси и да останеш чист до брак?
ДА Дата: __ / __ / __
НЕ Дата: __ / __ / __
Она што следува ќе ни помогне да одржуваме врски кои се богоугодни:
- Молитва и проучување на Библијата
Редовното поминување време со Бог ќе ни помогне да ги разбереме и живееме според Неговите приоритети за нашиот живот Псални 1:1-3; Ефесјаните 5:8-10; Еремија 9:23, 24 - Живот исполнет со Светиот Дух
Светиот Дух нѐ оснажува да живееме на богоугоден начин. Галатјаните 5:16 - Одговорност
Нашата одговорност за другата личност ни помага да бидеме одговорни пред Бог. Проповедник 4:9, 10; Поговорки 27:17; Ефешаните 5:21 - Заедништво
Создавај заедништво со побожни луѓе кои ги поддржуваат и зајакнуваат нашите убедувања. Евреите 10:24, 25; 2 Тимотеј 2:22
Како што растеме во Христос, ќе видиме како Божјите заповеди се дадени заради најдоброто за нас. Бидејќи ова е вистината, најбенефитната одлука што можеш да ја направиш е да одлучиш да почекаш.