02a Споделување на твојата вера – Копнеж за 100% живот

Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секој кој верува, првин за Јудеецот, а и за Гркот..

Римјаните 1:16

Што и Зошто

 

„Ќе ми бидете сведоци“ (Дела 1:8) Учениците на Исус Христос не можеле ни да си замислат како ова ветување ќе им го промени животот на милиони луѓе. Низ вековите наназад, оние верници што целосно му се потчиниле на Исус Христос биле и негови сведоци. Бог нив ги употребил за промена на општеството.

 

Денес, многу студенти од целиот свет очекуваат од Бог да зборува преку нив. Тие на своите колеги и пријатели им ја кажуваат спасоносната порака за воскреснатиот Спасител. Секој пат кога тие разговараат за Христос, тие чувствуваат задоволство кое што го отсликува задоволството на нашиот Небесен Татко. Иако тоа претставува големо задоволство сепак покренува многу важни прашања.

 

Многу луѓе чувствуваат дека не се спремни да водат вакви разговори. Христијани, кои за спорт ќе зборуваат цел ден, за економија, за мода, не се чувствуваат спремни да зборуваат за духовни работи. Тие се соочуваат со проблемот на модерниот свет.

 

Знаеме што значи да сакаш да зборуваш со некој за духовни работи, но не знаеме како да почнеме. Во оваа лекција ќе научиме како ефективно да зборуваме за Исус Христос и Божјиот бесплатен дар на спасение. Бог сака да те употреби тебе за да го прошири своето Царство и преку тебе да привлече многу луѓе до нов живот во Христос.

Проучување на Библијата

 


Прочитај од Делата на Апостолите 8:1-8, 25-40.

Кликни за текст

Во овој цитат можеме да најдеме неколку детали за Филип.

 

♦ 8:1 – Ни посочува дека некои луѓе биле „распрснати“ поради прогонство, но некои останале (апостолите). Кога ќе го прочитаме и 4ти стих ќе видиме дека Филип бил еден од распрснатите. Тој не бил апостол. Тој е како еден ‘обичен верник’.

♦ 8:5 – Филип знаел како да зборува со луѓето за Исус Христос. Тој активно го правел тоа.

♦ 8:29 – Бог го водел Филип да зборува за Христос со некој човек кој имал различна позадина и различен економски статус. Тој бил подготвен да зборува со Етиопјанец од елитното општество.

 

Во овој пасус, која беше улогата на Бог во она што се случило?

 

Која беше улогата на Филип во прифаќањето на Христос на Етиопјанецот?

 

Прочитај го 8:35. Што ни кажува овој стих за Филип и неговата порака? 

 

Сите сакаме да бидеме како Филип. Сите сакаме да можеме да ‘ја отвориме устата’ и некого да го водиме до одлука да му го отвори срцето на Господ Исус Христос. Постојат многу начини на кои можеш да му помогнеш на некој човек да поверува во Исус Христос. Ние ќе те запознаеме со еден од тие начини.

 

Алатка: Копнеж за 100% живот (4те Духовни Закони).

 

Бог ја има искористено книшката „Копнеж за 100% живот“ за да ги допре срцата на милиони луѓе и преку нејзе тие луѓе го имаат целосно разбрано Евангелието.  Погледни го овој краток видео клип во кој студенти од Филипините кажуваат како тие биле благословени од пораката на книшката.

Ако ја немаш книшката „Копнеж за 100% живот“ кликни на линкот подолу и најди го твојот јазик. Исто така, можеш да ја симнеш апликацијата “God Tools” на твојот телефон и така ќе ја имаш секаде со тебе во електронски формат.  www.4laws.com

 

Можеш исто така да ја симнеш апликацијата „God Tools“ за да ја имаш оваа алатка во електронска. www.godtoolsapp.com

 

Пораката во Копнеж за 100% живот е едноставна. Таа се фокусира на најважните теми што луѓето треба да ги знаат за да поверуваат во Христос. Прочитај ја 100% живот за да биде позната.

 

Во следното видео ќе видиш краток преглед за тоа како може да се користи оваа алатка.

Разбирање на вистината

 

Вежбање преку симулација

 

Во повеќето професии од луѓето се бара вежбање за да се подобрат во она што го работат. Пред најважниот натпревар, тренерот ги подготвува спортистите со многу тешки тренинзи. Музичарите вежбаат повторувајќи ги нивните дела пред концертот. Глумците исто така се потпираат на вежбање. Кликни на линкот подолу, откако ќе го изгледаш видео клипот одговори ги прашањата.

Како ќе им помогне „пред-визуелизацијата“ на актерите, како на пример Киану Ривс, да се подготват за нивната работа?

 

Како оваа тешка работа на „пред-визуелизација“ му влијае на финалниот производ кој го гледаме во кино?

 

„Пред-визуелизацијата“ на „Матрикс Рилоудед“ ни ја илустрира моќта на симулацијата. Откако глумците и филмскиот екипаж ја проучиле сцената и ја извежбале во нивниот ум, мислеле на неа во соба, секој од нив се покажува како подготвен за неговата одговорност. Симулацијата им дава слобода на глумците да се фокусираат намерно на некој дел од филмот кој им е особено тежок. Добивките се гледаат за време на снимањето, кога добрата подготовка го подигнува нивото на секој што придонесува.

 

Можеш да направиш симулација со книшката „Копнеж за 100% живот“ со некој верник христијанин. Симулацијата ќе ти помогне да ја практикуваш ситуацијата кога навистина ќе седнеш со некој и ќе започнеш разговор за Господ Исус Христос.

 

Има една важна работа што треба да му ја кажеш на твојот партнер со кој што вежбаш. Ние намерно сакаме да направиме една лесна ситуација за вежбање. Твојот партнер треба лесно да се согласи со твојата порака. Целта не е да се фокусираш на некои длабоки теолошки прашања. Целта е да вежбаш со книшката „Копнеж за 100% живот“ со цел да видиш како ти оди.

 

Направи симулација со некој твој пријател.

 

Заедно со пријателот, работете на презентацијата на Евангелието од воведот па се до молитвата.

 

Кога ќе завршите, дискутирајте со пријателот како беше. Кои добри работи ги направи за време на вежбањето? Што може да се подобри.

Во практика

 

Сега ја имаш прочитано 100% живот. Потоа го гледаше видеото со симулација на 100% живот. Потоа ти го симулираше.   Сега е време да го споделиш евангелието.

 

Можеби се прашуваш, „Како да го започнам разговорот со некој и да преминам на споделување на 100% живот?“ Има неколку едноставни работи што можеш да ги пробаш. Сретни се со некој пријател или колега. Кажи му дека си научил нешто што ти помогнало да го зпознаеш Бог лично и дека сакаш да го споделиш тоа со него. Кажи му на твојот пријател/ка дека сакаш да слушнеш негово мислење на темата. Тоа е сѐ што треба да направиш. Потоа, преземи чекор на вера и верувај дека Бог ќе те води.

 

Сподели ја книшката 100% живот со некого.

 

Запомни дека успехот во разговорот со нов студент за Исус Христос е: превземање на иницијатива во силата на Светиот Дух и препуштање на резултатите на Бог.

 

Проверка на моето знаење

 

Сега, откако си започнал разговор со некој нов студент за Исус Христос и заедно сте ја прочитале книшката „Копнеж за 100% живот“, време е да провериме што си научил. Одвој неколку минути и напиши што направи добро. Исто така, напиши што не беше баш добро.

 

 

Во оваа лекција се фокусиравме на вежбање на разговор со користење на алатка. Навистина сме благодарни што постојат вакви алатки, но во исто време знаеме дека добри методи и материјали не можат да ги убедат луѓето да поверуваат во Христос. Светиот Дух работи во срцата на луѓето преку Божјиот Збор и на други различни начини со цел да ги привлече кон нашиот Спасител.

 

Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет, кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества.

Тит 3:4-5

 

Нешто само за тебе

 

Погледни го ова видео за тоа како се користи оваа апликација GodTools: https://www.youtube.com/watch?v=iyCT9vhOcbI

 

Пред неколку години, еден студент од Нигерија беше во една слична ситуација како тебе сега. Него му беше тешко да започне разговор за Христос. Тој сега се потсетува на тие моменти.

 

Уживај во видео клипот:   https://www.youtube.com/watch?v=4Lqh8IoViJQ

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.