02б Споделување на твојата вера – дијаграм

Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение
на секој кој верува, првин за Јудеецот, а и за Гркот..
Римјаните 1:16

Што и зошто

 

„Ќе ми бидете сведоци“ (Дела 1:8) Учениците на Исус Христос не можеле ни да си замислат како ова ветување ќе им го промени животот на милиони луѓе. Низ вековите наназад, оние верници што целосно му се потчиниле на Исус Христос биле и негови сведоци. Бог нив ги употребил за промена на општеството.

 

Денес, многу студенти од целиот свет очекуваат од Бог да зборува преку нив. Тие на своите колеги и пријатели им ја кажуваат спасоносната порака за воскреснатиот Спасител. Секој пат кога тие разговараат за Христос, тие чувствуваат задоволство кое што го отсликува задоволството на нашиот Небесен Татко. Иако тоа претставува големо задоволство сепак покренува многу важни прашања.

 

Многу луѓе чувствуваат дека не се спремни да водат вакви разговори. Христијани, кои за спорт ќе зборуваат цел ден, за економија, за мода, не се чувствуваат спремни да зборуваат за духовни работи. Тие се соочуваат со проблемот на модерниот свет.

 

Знаеме што значи да сакаш да зборуваш со некој за духовни работи, но не знаеме како да почнеме. Во оваа лекција ќе научиме како ефективно да зборуваме за Исус Христос и Божјиот бесплатен дар на спасение. Бог сака да те употреби тебе за да го прошири своето Царство и преку тебе да привлече многу луѓе до нов живот во Христос.

Проучување на Библијата


Прочитај од Делата на Апостолите 8:1-8, 25-40.

Кликни за текст

Во овој цитат можеме да најдеме неколку детали за Филип.

 

♦ 8:1 – Ни посочува дека некои луѓе биле „распрснати“ поради прогонство, но некои останале (апостолите). Кога ќе го прочитаме и 4ти стих ќе видиме дека Филип бил еден од распрснатите. Тој не бил апостол. Тој е како еден ‘обичен верник’.

♦ 8:5 – Филип знаел како да зборува со луѓето за Исус Христос. Тој активно го правел тоа.

♦ 8:29 – Бог го водел Филип да зборува за Христос со некој човек кој имал различна позадина и различен економски статус. Тој бил подготвен да зборува со Етиопјанец од елитното општество.

 

Во овој пасус, која беше улогата на Бог во она што се случило?

 

Која беше улогата на Филип во прифаќањето на Христос на Етиопјанецот?

 

Прочитај го 8:35. Што ни кажува овој стих за Филип и неговата порака? 

 

Сите сакаме да бидеме како Филип. Сите сакаме да можеме да ‘ја отвориме устата’ и некого да го водиме до одлука да му го отвори срцето на Господ Исус Христос. Постојат многу начини на кои можеш да му помогнеш на некој човек да поверува во Исус Христос. Ние ќе те запознаеме со еден од тие начини.

Алатка: Дијаграм

 

'Дијаграмот' е често употребувана алатка за споделување на Евангелието. За ова постојат повеќе причини. На многу луѓе им се допаѓа бидејќи е интерактивен и едноставен. Се што ти е потребно е едно пенкало и лист хартија. Секако, позади тоа пенкало и хартија стои трудова инвестиција за подготовка. Кога некој добро го знае дијаграмот, пораката на Евангелието природно се испишува преку покретите со пенкалото.

 

Сега погледни еден графички приказ на оваа алатка. Видеото подолу е дизајнирано за да даде краток осврт на дијаграмот. Преку него ти ќе се запознаеш со алатката, но сеуште ќе треба да научиш како да ја употребуваш интерактивно.

 

Откако го погледна диајграмот, време е да научиш како да го употребуваш најефикасно. Најнапред ќе се фокусираме на пораката што сакаме да ја искомуницираме. На крајот од оваа лекција се наоѓа табела која содржи чекори по чекор инструкции за тоа што треба да го црташ и кажуваш. Ги содржи и сите стихови кои сакаме да ги споделиме, како и транзициите кои ни помагаат да чекориме низ Евангелието.

 

Почни да црташ:

 

Најдобриот начин за да го научиш дијаграмот е да си направиш свој цртеж на лист хартија. Следнава презентација е наменета за да те води низ основните линии кои ќе треба да ги нацрташ. Помини ја презентацијата два-три пати, и во исто време цртај и ти, на тој начин многу лесно ќе ја совладаш алатката. [Стиховите кои се вклучени не се за пишување, туку ти треба однапред да ги имаш запаметено за да ги објаснуваш додека црташ.]

Поврзување на вистината

Учење преку праска

 

Во повеќето професии се бара од вработените да ги вежбаат своите вештини. Тренерот на еден спортски тим пред некое големо натпреварување одржува интензивни тренинзи. Музичарите пред концерт вежбаат напорно. Следното видео е пример на искористување на една модерна алатка со која филмската индрустрија си помага да сними комплексни филмски сцени.

Како визуелизирањето на нештата однапред им помага на актери како Киану Ривс да бидат подготвени за нивната работа?

 

Како трудољубивото визуелизирање на нештата однапред влијае на финалниот производ што ние го уживаме во кино?

Визуелизирањето однапред ја илустрира моќта на симулацијата. Актерите и филмската екипа, откако ја простудирале сцената и умствено ја извежбале или ја повежбале во приватноста на своите соби, одат на сетот убаво подготвени за нивната улога.  Симулацијата ги ослободува актерите да се фоскуираат интензивно на било кој дел о филмот кој им е особено тежок. Придобивките се искусуваат на самиот сет додека се снимаат сцените, каде што добрата подготовка го зголемува учинокот на секој еден што допринесува за таа сцена. 

 

Ти можеш да го симулираш дијаграмот со тоа што ќе го вежбаш со некој верник. Симулацијата ќе ги помогне да си претставиш визуелно како би можело да изгледа ако седнеш со некого и го споделиш евангелието. 

 

Постои една важна инструкција која треба да ја споделиш со твојот партнер за вежбање. Партнерот треба да се согласува со пораката што ја споделуваш за да вежбате во лесна ситуација. Поентата е да ја вежбаш оваа нова алатка за да се чувствуваш повеќе подготвен.

 

Направи ја симулацијата со некој пријател. 

 

Работете заедно низ презентацијата на Евангелието, од почетното претставување се до молитвата.

 

Откако ќе завршите, дискутирајте за тоа како поминавте. 

Превземање акција

 

Го гледаше видеото со дијаграмот. Го нацрта дијаграмот и ги научи чекорите. Потоа направи и симулација. Сега е време да го споделиш Евангелието.

 

Можеби се прашуваш, “Како да започнам разговор со некој и да направам транзиција кон споделување на дијаграмот?” Еве неколку едноставни предлози. Сретни се со некој пријател или колега од факултет. Кажи им дека си научил нешто што тебе многу ти помогнало за да го запознаеш Бог лично и кажи им дека би сакал да го споделиш со нив. Кажи им и дека би сакал да го слушнеш нивното мислење на темата. Тоа е тоа. Превземи чекор на вера и остави Бог да те води.

Сподели го дијаграмот со некого.

 

Запомни, успехот при сведочењето се сведува на превземање иницијатива да споделиме за Христос во силата на Светиот Дух, оставајќи Му ги резултатите на Бог.

 

Размислувај на она што го научи

 

Откако го сподели Евангелието преку дијаграмот време е да евалуираш што си научил. Одвој еден момент за да запишеш што мислиш дека направи како што треба. Исто така забележи и нешот што мислиш дека не помина толку добро.

 

Во оваа лекција се фокусиравме да научиме нова вештина преку употреба на алатка. И додека сме благодарни за многуте алатки кои ги имаме на располагање, знаеме дека луѓето не се придобиени за Христос преку методи и материјали. Тие одговараат на повикот поради службата на Светиот Дух Кој го употребува Божјиот Збор, како и многу различни методи, за да ги привлече кон Спасителот.

Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител, нè спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на Светиот Дух.
Тит 3:4-5

[table id=15 /]

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.