03 Сочувствително евангелизирање

Треба да бидеш мудар на начинот на кој се однесуваш со нови студенти и да ја користиш секоја можност. Твојот начин на зборување треба да биде љубезен, зачинет со сол и треба да бидеш спремен да му одговориш на секој.

Колошаните 4:5-6

Што и зошто

 

На секој му е убаво кога има одличен разговор. Сакаме да се поврземе подлабоко со луѓето. Нив им требаат разговори на лично ниво. Таква атмосфера треба да создадеме и кога зборуваме со студентите за Исус Христос. Во ваков контекст разговорот тече природно.

 

На кој начин можеме да го зголемиме квантитетот на ваков тип на разговори? На кој начин можеме мудро и привлечно да им ја кажеме Божјата порака на студентите? Оваа лекција ќе ни помогне со вештините и ќе нѐ поттикне да се поврземе со студентите на подлабоко ниво.

Проучување на Библијата

 

Прочитај од Матеј 9:36

 

"А кога ги виде мноштвата, беше поттикнат

со сожалување за нив, зашто беа изморени

и распрснати како овци, кои немаат пастир."

Што значи тоа дека Исус имал сочувство за мноштвото луѓе? Кои потреби ги забележал кај нив што беа причина за тој да има такво сочувство?

 

Како можеме ние да имаме такво сочувство?

 

Ние ќе имаме такво сочувство кога ќе имаме срце за изгубените како што имал Исус.

 

Прочитај од Колошаните 4:2-6.

Кликни за текст

2ри и 3ти стих. Павле бара од Колошаните да се молат за него, но не бара од нив да се молат за негова лична корист. За што конкретно Павле бара да се застапуваат молитвено?

 

3ти и 4ти стих. Павле ја искажува својата желба да го проучува „Божјиот Збор“. Божјиот Збор ја содржи пораката која ќе биде причината за затворската казна на Павле. Каква желба имал Павле за Божјиот Збор?

 

4ти стих. Павле побарал од неговите пријатели да се молат за тој да зборува за Божјата порака на начин на кој што „треба да зборува“. Очигледно е дека ако има некои начини на кои „треба да се зборува “ Божјата порака, тоа значи дека има и начини на кои не треба да се зборува Божјата порака. Павле бара од неговите пријатели да се молат за него да го пренесе Евангелието на правилен начин.

 

Што значи ова? Што мислиш?

 

5ти-6ти стих. Павле им кажува на читателите на ова писмо како треба да се однесуваат со „новите“, т.е. со неверниците . Им кажува две работи.

 

Во контекст на времето/можностите, Павле кажува...

 

Во Контекст на на начинот на кој верниците комуиницираат, Павле кажува ...

 

Треба и ние како Павле да им кажеме на нашите пријатели да се молат за нас кога одиме да зборуваме со студенти за Исус Хриостос затоа што тоа е многу важно. Ние сакаме на мудар начин да зборуваме за Исус Христос како што треба. Тоа подразбира дека ние сме одговорни да се спремиме да зборуваме на соодветен и ефективен начин.

 

6ти стих. Павле користи сликовити зборови дека кога зборуваме со неверници, треба да имаме солена комуникација.

студија на случај

 

 

Јоана се гледаше себеси како осамена личност. Многу малку луѓе знаеа за тоа. Таа е убава, паметна и изгледаше дека има самодоверба. Но, во себе таа се бори со сомнежи спрема себеси и со рани од болни врски.

 

Викторија е просечен студент. Не е многу популарна. Работи напорно, оди на сите предавања и се труди колку што може да има пријателства со сите. Таа никогаш не била екстроверт. Но, е многу мотивирана. Во претходната година Христос ѝ го промени животот. За прв пат таа почна да се моли. Почна да чита Библија. Почна да го дознава Божјиот план за неа.

 

Кога Викторија се запозна со Јоана тие зборуваа за општи работи. Јоана немаше да ја избере Викторија за другарка со која сака да поминува време, но Викторија има талент. Таа покажуваше интерес кон Јоана и ѝ поставуваше добри прашања. Нејзиниот позитивен став беше како мирисот на свеж воздух.

 

За време на овие обични разговори Викторија забележа што им недостасува на другите. Таа забележа една сенка на тага во Јоана. Таа тага направи нешто во Викторија што длабоко ја трогна. Таа почна да се моли за Јоана и од тогаш бараше можност како повеќе да се поврзе со неа.

 

Еден убав ден, Викторија ја сретна Јоана како ужива во сонцето на една клупа и седна до неа. До сега муабетот лесно им одеше. Прашањата правеа да се зближат многу повеќе. Во тој момент Викторија направи чекор на вера. Таа ѝ рече дека сега е многу посреќна од она што била и дека минатата година ѝ била најдобра година во животот. Јоана издивнала и рекла „Сигурно, тоа е убаво чувство.“ Викторија се согласила. После тоа ја прашала: „Може ли да ти кажам што ми се случи?“ Тој ден, Јоана го слушнала евнагелието за прв пат така јасно.

Викторија

Јоана

На оваа приказна и недостасува драма. Нема некој голем конфилкт, ниту трагедија која би довела то точка пресвртница. Оваа случка зборува за солта и дека треба да бидеме сол во нашето општество. Ние треба да бидеме солени во нашиот нормален ритам на секојдневниот живот.

 

Што ти се допаѓа кај Викторија и нејзините одлуки?

 

Павле ни кажува во Колошаните 4:6 дека треба да имаме „солен начин на зборување“. Една од целите на солта е да даде вкус, според тоа на кој начин беше Викторија „солена“?

 

Разбирање на вистината

 

Ние сакаме да се зближиме со студентите на ист начин како што Викторија се зближила со Јоана. Ние сакаме да покажеме иста грижа како што Викторија покажала. Ние сакаме да зборуваме за Исус Христос со сочувство. Сепак, за нашиот Спасител пишува во Библијата дека „кога ги видел мноштвата бил поттикнат од сочувство за нив.“ (Матеј 9:36)

 

Оној кој зборува за Исус Христос е на некој начин истражувач

 

Како што напредуваме во нашата презентација на Евангелието ние се фокусираме на тоа како ја презентираме пораката и како комуницираме со студентите. Луѓето уживаат повеќе во разговорот во кој соговорникот им покажува љубов и грижа. Тие се чувствителни ако нешто не се совпаѓа во нашата комуникација. На пример, ако зборуваме за Божјата љубов, а не покажуваме многу од тоа, тие со право се прашуваат дали нашата добра вест е вистинита.

 

Оној што зборува за Христос е длабоко заинтерсиран за личноста со кој тој/таа зборува. Бог ги љуби студентите и го жртвуваше Неговиот Син, Исус Христос како откуп за нив. Тие го носат ликот на нивниот Создател. Бог трпеливо ги чека...не сака некој да пропадне туку да сите да дојдат до покајание (2 Петар 3:9).

 

Еден начин да искажеме грижа и љубов е да се заинтересираш за некој студент. За жал, ние можеби трошиме многу време обидувајќи се да бидеме интересни (кажуваме приказни, користиме прекрасни илустрации), но не покажуваме дека сме заинтересирани за тој студент. За да покажеме дека сме заинтересирани, ние треба да бидеме добри истражувачи кои поставуваат добри прашања. Ние треба да ја зголемиме нашата љубопитност за тој студент. Како што се обидуваме да дознаеме што му е важно и кои се неговите вредности, ние градиме вистинска врска. Како што ги слушаме нивните животни приказни ние ја прилагодуваме нашата презентација на Евангелието за нив посебно.

 

Размисли, кои три прашања би му ги поставил на некој студент само затоа што се интересираш за него. Напиши ги прашањата под оваа реченица.

 

Да истражиме што има Бог направено во нивниот живот

 

Како нешто плус за нас кои се интересираме за студентите се добрите прашања. Со секое добро прашање му помагаш на студентот да ти се отвори. Сите сме на некое духовно патување кое има свое минато, сегашност и своја иднина. Твоја задача е да дознаеш низ што се поминале, во каква реалност живеат сега и во која насока се движат користејќи ги прашањата подолу.

Дознај низ што поминале:
♦ Во каква религиозна средина си пораснат како дете?
♦ Од какво значење имала духовната област од твојот живот до овој момент?
Дознај ја нивната сегашна реалност:
♦ Можеш ли да ми кажеш малку повеќе за твоите сегашни верувања?
♦ Според тебе, кој е Исус Христос?
Дознај во која насока се движат:
♦ Дали во последно време се движиш кон Бог, подалеку од Бог, или отприлика на исто место?

 

Најдобрите истражувачи се исполнети со емпатија

 

Емпатијата е една јака сила. Ги приближува луѓето. Емпатијата може двајца луѓе што не се знаат да ги направи пријатели за брзо време.

Што научи од овa кратко видео?

 

Зошто видеото има толку силна порака?

 

Како може емпатијата да ни помогне во нашата задача да им кажеме на студентите за Исус Христос?

 

Заклучок на темата:

 

Емпатијата и интересот со добри прашања влијаат позитивно на пријателствата. Многу малку луѓе очекуваат некој да им „презентира некои информации“ денес. Спротивно на тоа, повеќето луѓе пријатно се стоплени кога некој се интереисра за нив и им поставува љубопитни прашања.

Во практика

 

Твоја задача е да го започнеш разговорот. За време на тој разговор твоја цел е да истражуваш со дух на емпатија и да го користиш дарот од Бог за емпатија и љубопитност.

 

Започни со тоа што ќе Му се помолиш на Бог да ти го зголеми сочувството за студентите и да ти даде искрена љубов за студентот со кој зборуваш.

Како што разговарате, барај начини на кои можеш да се поврзеш со студентот. Поставувај прашања. Пронајди што го интересира и какво духовно минато има.

 

Твоја цел е да покажеш љубов, искрено да покажеш интерес и да го употребуваш она што си научил, а тоа е да поставуваш добри прашања.

 

Што научи преку ова ново искуство?

 

Кои прашања ти помогнаа да се поврзеш со студентот?

 

Дали имаше некој момент во разговорот кога сакаше да ја зголемиш интерперсоналната врска со студентот ама ти беше тешко? На кој начин ќе се обидеш да ја преминеш таа пречка наредниот пат?

 

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.