09 Помогни му на новиот верник да расте – 2

И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него: вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.  

Колошаните 2:6-7

Што и зошто

 

Сите ги сакаме тие неверојатни случки кога некој ќе му го отвори срцето на Христос. Ние го славиме тој момент, му благодариме на Господ и им кажуваме на нашите пријатели за големите дела што Бог ги прави. Бог создаде нов живот кој, во своите рани фази е ранлив и кревок. Во овој критичен момент на новите верници им е потребно охрабрување и помош.

 

Колку често ни изгледа дека откако некој ќе го прими Христос со наша помош, нам почнуваат да не притискаат испити, активности во нашето движење или некои потреби на нашите пријатели? Се случува да поминат и неколку недели пред да сфатиме дека не сме баш во редовен контакт со студентот кој го примил Христос. Најверојатно ова е дел од таа духовна борба во која се наоѓаме.

 

Дури и кога го одржуваме фокусот, повторното поврзување со новите верници може да претставува предизвик. Секој е на свое патешествие, и различните луѓе се движат со различна динамика. Може да се најдеш во ситуација каде што иницираш со нов верник кој сам по себе не е активен во потрагата по духовни нешта. Немој да се обесхрабруваш. Старите шеми на дејствување продолжуваат да им влијаат на луѓето. Потребно е време за да се навикнат на нови шеми. Ти можеш да му помогнеш на тој што дојде кај Христос да ги замени старите со нови.

 

Сега повторно го свртуваме вниманието кон задачата да му се помогне на некој нов верник да се вкорени и зацврсти во неговата вера. Овој процес побарува целиисходност, љубов и мудрост.

Проучување на Библијата

 

Прочитај од 1 Коринќаните 3:5-9

Кликни за текст

Кои две задачи ги читаме во текстот? (6стих)

 

Врз основа на лекциите што досега ги имаш научено преку оваа обука, на кој начин мислиш дека можеме да ги исполниме овие задачи?

 

Зошто имаме увереност во резултатот од нашата работа? (6-7стих)

 

Користејќи го речникот од овој пасус, зошто треба ги да водиме студентите низ лекциите за надградба?

 

Како ќе влијае на движењето ако не користиме вакви лекции?

 

Да го полеваш семето претставува предизвик:

 

К.С. Луис во својата книга „Писмата на душовадникот“, се осврнува на духовни теми од една уникатна гледна точка. Неговиот креативен начин на пишување ни овозможува да ѕирнеме во фиктивните дискусии помеѓу двајца наши непријатели (демони), коие се обидуваат да го спречат напредокот на Божјото Царство.

 

Во една таква дискусија, ветеранот непријател, чичко Душовадник, му кажува на својот наследник дека на човек не треба да му се дозволи да навлегува премногу длабоко во духовните нешта. Длабоко размислување води кон посветеност и растеж во верата. Па така, стратегијата на непријателот е да бидеме презафатени и да ни го одвлече вниманието за да не бидеме фокусирани на нашиот духовен растеж.

 

К.С. Луис опишува еден вообичаен проблем кој влијае на нашите напори да правиме ученици. Помагањето на некој да расте понекогаш ни изгледа како борба. Многу често се среќаваме со оправдувања на презафатеност или дека се нема доволно време. Можеби и ние самите имаме направено такви оправдувања.

 

Иако задачата за „полевање“ изгледа лесна, сепак не е. Полевањето е дел од напорната работа на секој трудољубив земјоделец. Исполнувањето на оваа задача бара работливост и истрајност. Неопходно е и да се молиме. Знај дека личноста на кој што сакаш да и помогнеш се наоѓа во духовна битка. Моли се за него, моли се за неа. Упорно грижи се за нив. Овцата, дури и откако е најдена, продолжува да има потреба од водач.

 

Разбирање на вистината

Проучување на случка:

 

Мартин е малку збунет. Тој неодамна го водел неговиот цимер Стефан да го прими Христос. Имале многу добар разговор кој што очигледно го допрел срцето на Стефан. После тој разговор, Мартин му рекол на Стефан дека е отворен за било какви прашања што би можеле да му се јават. Но, во следните три недели, Стефан не поставил никакви прашања. Иако Мартин и Стефан се гледале скоро секој ден, нивната дискусија за Господ не продолжила.

 

Приближно во сличниот период, Катерина, инаку другарка на Мартин, ја водела Олгица да го прими Христос преку некоја анкета. Олгица, која до неодамна и не се знаела со Катерина, покажувала голем интерес за да расте. Тие две почнале редовно да се сретнуваат и да ги проучуваат лекциите за надградба. Мартин бил разочаран поради неговиот неуспех со Стефан. Замисли дека ти денеска треба да се сретнеш со Мартин. Тој сака да разговара за тоа зошто Катерина толку добро напредува, додека тој доживува неуспех.”

Што ќе му кажеш на Мартин?

 

Што мислиш ти, кои принципи треба Мартин да проба да ги примени во неговата работа како ментор?

 

Принципи за примена при лекциите за надградба

 

Нема магична формула за тоа како да ја водиш средбата за надградба. Голем дел од успехот на средбата зависи од соговорникот и неговата волја да расте. Сѐ што можеме да направиме е да се стремиме кон тоа да бидеме добро подготвени, да се молиме и да се зближуваме со овие нови верници.

 

Општо кажано, добро е да имаме неколку работи на ум.

1. Преземи иницијатива

Како водач на средбата, ти треба да иницираш да се видите за понатамошен растеж.

 

2. Блискоста е важна

На луѓето им е потребно пријателство и добро реагираат на грижлива, лична комуникација. Една добра средба опфаќа повеќе од само разговор за лекцијата. Одвој време да се поврзеш со студентот/студентката и да се запознаете подобрo.

Изрази интерес дека сакаш да се зближите и надвор од формалните состаноци. Добра идеја е да станете пријатели и на Фејсбук и да ставаш лајкови на некои негови постови. Можеби ќе биде добро да се поврзете и на Инстаграм и Твитер.

 

3. Временската рамка е важна

Пробај да бидеш краток. Иако можеби уживаш во двочасовен разговор, новиот верник можеби смета дека тоа е многу долго. Ако средбата е предолга тој може нема да сака да се видите пак.

 

4. Направи содржината на лекцијата да биде релеватна на соговорникот.

5. Како водач на средбата, ти треба да го знаеш материјалот толку добро што ќе се фокусираш само на личноста со која разговараш.

6. Моли се, побарај од Бог да ти помогне да забележиш и да се фокусираш на заеднички точки кои ја зајакнуваат твојата конекцијата со тој студент.

7. Закажете наредна средба додека сте уште заедно .

 

 

Како да се подготвиш да водиш некого низ интерактивната лекција што следува подолу  

♦ Прочитај ги вторите лекции за надградба (Најди ги во ВОЛТ содржината). Најди ги Библиските пасуси и забележи како текстот го одговара секое прашање. Вие исто така може да го следат овој линк за да лекцијата - Безвредност до прошка 

♦ Разработи ја оваа лекција со некој соработник.

♦ Побарај некој кој сака да ти помогне да научиш. (You might even work with someone via Skype or another long-distant format.)

♦ Подели ја лекцијата на неколку делови. Во првиот дел ти „води“ го твојот соработник низ материјалот. Променете си ги улогите во наредниот дел и дозволи му на твојот соработник да „води“. .

♦ Откако ќе завриште со вежбање, направете евалуација. Поставувајте прашања кои ќе ви помогнат да ги подобрите овие вештини.

Во пракса

 

Закажи да се видиш со некој нов верник да разговарате за тоа како гревот влијае на нашата блискост со Бог. (2ра лекција) Пред да се видите, дај и на дознаење на личноста дека во Библијата има стихови кои се однесуваат на таа тема и кои тебе лично ти биле од помош.

 

Проверка на моето знаење

 

Што научив на темата помагање на нов верник да почне да расте во неговата вера?

 

Какви прашања имам за помагање на нов верник да почне да расте во неговата вера?

 

Постави му ги тие прашања на твојот ментор.

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.