4. Растеж кон зрелост

Псалмот 1 го споредува животот со дрво кое е цврсто засадено покрај изворите на вода. Тоа дрво расте силно. Дава плод. Неговите лисја не опаѓаат. Ова е една инспиративна слика за животот. Покажува исполнет живот. Цврст, стабилен живот. Бог сака ние да имаме таков живот.

Според твоето мислење,

оцени колку општеството ги уважува следниве работи:

(ниско) 1 -- 2 -- 3 -- 4 -- 5 (високо)

Интелектуална Зрелост
Социјална Зрелост
Емоционална Зрелост
Духовна Зрелост
Физичка Зрелост

Интересот за личен развој се проширува низ добро образованите општества. Луѓето што имаат „потенцијал“ ги цртаат своите чекори кои им се потребни да ги постигнат своите цели. Тие напредуваат интелектуално, емоционално и социјално за да го подобрат квалитетот на својот живот. Кога има недостиг на таква зрелост, човекот се соочува со ограничувања и со фрустрации. Оние кои имаат само „потенцијал“ стануваат обесхрабрени и гледаат дека е невозможно да си ги остварат соништата. Кога потенцијалот е заменет со зрелост, следува подруго искуство.

Духовната зрелост е исто толку важна како и другите видови на напредок. Бог не бара од своите следбеници да останат незрели туку да растат (1 Коринќаните 14:20). Многуте фрустрации во христијанскиот живот се резултат на проблеми со зрелоста.

 

Какво е твоето ДОСЕГАШНО ИСКУСТВО?

 

Што во твоето минато најмногу придонело кон твојата зрелост?

 

Кои луѓе или настани ти помогнале да преземеш чекори кон зрелост?

corporate_climb_up_500_clr_7214

Пошироки размислувања:

 

Зошто мислиш дека некои верници не успеваат да достигнат духовна зрелост?

 

Според тебе, кој е клучниот показател што ни сигнализира недостиг на дховна зрелост?

 

Божјиот пат кон зрелост:

 

Книгата на Делата на Апостолите е историски запис на искуствата на првите верници по воскресението на Исус. Во втората глава, Петар (еден од првите водачи) му се обраќа на насобраниот народ и многу луѓе стануваат нови верници. Овој пасус зборува за една група на нови верници и како е опишан нивниот духовен растеж.

 

Прочитај од Делата на Апостолите 2:42-47

 

И беа постојани во апостолското учење и општувањето; и во раскршувањето на лебот и во молитвите. А страв влезе во секоја душа, зашто апостолите правеа многу чудеса и знаци. А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше општо. И продаваа стоки и имоти и тоа го делеа на сите, секому според неговата потреба. И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и примаа храна со радост и просто срце, фалејќи Го Бога беа омилени кај сиот народ. А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа.

 

Во овој пасус наоѓаме четири карактеристики на Христијаните кои напредуваат:

 

1. ПОСВЕТЕНИ НА ЗБОРОТ (2:42)

 

Што значи да бидеш посветен на нешто?

 

Кои биле апостолите?

 

Што поучувале?  Прочитај од Матеј 28:18-20.

 

Како можеш редовно да бидеш посветен на Божјиот Збор? 

 

 

2.  ПОСВЕТЕНИ НА ЗАЕДНИШТВОТО (2:42)

 

Што е заедништво?

 

Што ги мотивирало верниците да се собираат заедно толку често?

 

Како можеш да се посветиш на овој вид заедништво?

 

3. ПОСВЕТЕНИ НА МОЛИТВАТА (2:42)

 

Што е молитва?

 

Како можеш да се посветиш на молитва?

 

 

4. ДА СЕ ИМА ВЛИЈАНИЕ (2:47)

 

Зошто им се придружиле и други луѓе?

 

Бог ги оснажува Своите луѓе за да Му служат и да го променат светот.  Ние како Негови гласници носиме надеж, вистина и светлина на сите народи. Бог ќе работи преку нас за да ги промени животите на многумина.

 

Какво влијание имале верниците во и надвор од нивната заедница?

 

 

Откако ги разгледавме трите различни области кои придонесуваат кон духовна зрелост, која мислиш дека тебе лично најдобро ти оди? Зошто?

 

Која област сметаш дека ти е насјлаба? Зошто? 

 

Кои една или двe работи би ги направил за да инвестираш во твојата духовна зрелост?

 

Имајќи го на ум она што го научи од лекцијата, кои чекори ти се најпотребни за да бидеш растение кое расте здраво? 

 

Click for MEDIA CREDITS


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.