3. Од неспособен до оснажен

Разгледај ги сликите и пронајди која позната личност сакаш најмногу да ја имитираш.

Да претпоставиме дека си пробал со сите сили да ја имитираш личноста што ја одбра.

 

Кои ти се шансите да го достигнеш нивото на нивната професија или нивното поле на специјализација? 

 

Кои емоции би ги искусил ако се обидеш да имитираш некоја личност на која ѝ се восхитуваш? 

 

Ако се обидеш да имитираш таква личност, нивото на фрустрација што ќе го искусиш ќе биде директно пропорционално со разликата помеѓу твоите способности и способностите на личноста што ја одбра.

 

Огромен предизвик: Ние сме повикани да го имитираме Исус, Единствениот кој совршено му бил послушен на Таткото. (Ефешаните 5:1-2)

 

Како би ги опишал разликите помеѓу способностите на Исус и твоите способности за богоугоден живот?  

Ние имаме искрена желба да му бидеме угодни на Бог. Но, најчесто гледаме дека сме неуспешни во нашиот обид да го следиме. Всушност, христијанскиот живот е наизглед невозможен за живеење. Што можеме да направиме во врска со овој проблем?

 

Кога сме нервозни поради нашата ограниченост за да го живееме христијанскиот живот, ни треба да ги разгледаме овие четири можни причини:

 

1. Нам ни недостасува потребната сила или способност за да го живееме христијанскиот живот.

2. Ние ја имаме силата и способноста, но не знаеме дека ја имаме.

3. Знаеме дека ја имаме силата и способноста, но не знаеме како да ја користиме.

4. Знаеме како да ја користиме силата и способноста, но одлучуваме да не ја користиме.

 

Која од овие 4 можности најдобро ја опишува твојата ситуација?

Прочитај од 1 Коринќаните 2:9 – 3:3  

 

Кликни за текст

Павле ги напишал овие зборови на група христијани кои се мачеле да живеат како Исус. Неговите слушатели во Коринт се поделиле. Тие оформиле друштва, тврделе дека следат различни водачи. Неморалот и себичноста биле очигледни во нивната заедница. Павле ги поучува овие исфрустрирани луѓе, насочувајќи ги кон силата што им треба за да живеат богоугоден живот.

 

 

 

 

ДУХОТ на Бог, нашиот извор на разбирање и сила.

 

Кои се намерите на Светиот Дух според 1 Коринтјаните 2:12?

 


"А ние не го примивме духот на светов, туку Духот, Кој доаѓа од Бога, за да знаеме што Бог милостиво ни дарува," (2:12) 

 

 

Во овој пасус се опишани 3 духовни состојби. Забележи како секоја духовна состојба ѝ влијае на способноста за богоугоден живот.

 

1.  Каква е духовната состојба на човекот од 1 Кор. 2:14?

 


"А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин." (2:14)

 

 

Колку ги разбира духовните вистини овој човек?

 

 

2.  Каква е духовната состојба на човекот од 1 Кор. 2:15-16?


15 "Духовниот човек пак испитува сè, а него никој не го испитува, 16 зашто: „Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?” А ние го имаме Христовиот ум." (2:15-16)

 

Каква предност има овој човек?

 

 

3. Каква е духовната состојба на човекот од 1 Кор. 3:1-3?


И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа. 2 Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете, 3 зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба?

 

Како ги опишува Павле нивните ограничувања? Зошто страдаат од овие ограничувања?

 

Во овој пасус, Павле ни ги претставува трите различни опции за тоа како луѓето можат да се поврзат со Духот. Како би го сумирал она што Павле го кажува?

 

Следниот динамичен графикон е еден обид да претставиме визуелно што се случува.

 

Ние одлучуваме на што да се потпреме: 


 

Што треба да направиме за да живееме како духовни мажи и жени?

 

Ефешаните 5:18 вели:

"И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот!."

 

Што ни е заповедано да избегнуваме?

 

Што ни е заповедано да правиме?

 

Животот исполнет со Духот е живот управуван од Христос и така Христос го живее неговиот живот во и преку нас во силата на Светиот Дух.

 

НИЕ СМЕ ИСПОЛНЕТИ СО СВЕТИОТ ДУХ ПРЕКУ ВЕРА

 

Исус ги претстави верниците како луѓе кои доаѓаат кај него жедни, за да пијат од живата вода, коа е Духот (Јован 7:37-39). Дали си жеден? Оние кои се жедни ќе добијат она што го бараат. Вклучени се три работи:

♦ ЖЕЛБАТА Дали сакаш да бидеш исполнет (управуван и оснажен) со Духот?

♦ ПОКАЈАНИЕТО Дали се откажуваш од гревот и дали му го признаваш на Бог?

♦ ПОТЧИНУВАЊЕТО Дали му ја предаваш контролата на твојот живот на Христос?

 

Ако сакаш, ако се покајуваш и ако си спремен да се потчиниш, тогаш можеш да побараш од Бог да те исполни со Неговиот Дух. Заблагодари Му за тоа што Тој ќе управува и ќе го оснажи твојот живот со тоа што ти ќе продолжиш да имаш доверба во Него.

Ова е еден пример на молитва:

Татко Небесен, ми требаш. Признавам дека згрешив против Тебе со тоа што сам управував со својот живот. Ти благодарам што ми ги простуваш гревовите преку смртта на Христос на крстот. Сега го поканувам Христос повторно да го превземе местото на престолот на мојот живот. Исполни ме со Светиот Дух како што ми заповедаш да бидам исполнет и како што ветуваш во твојот Збор дека ќе бидам. Се молам за овие работи во Името на Исус. Сега ти благодарам што ме исполнуваш со Светиот Дух и што го управуваш мојот живот.

Click for MEDIA CREDITS


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.