2. Од безвредност до прошка

Што ни кажува овој краток филм за моќта на прошката?

 

Христос ги има победено гревот и смртта преку Неговото дело на крстот и воскресението. Од друга страна, ние сеуште ги немаме победено овие непријатели. Се бориме со гревот и продолжуваме да го разочаруваме Господ и себеси. Сега откако веќе имаме нов живот во Христос, треба да погледнеме кон тоа што се случува кога грешиме и како гревот влијае на нашата врска со Бог.

 

Помисли на врските:

Како би се чувствувал ти ако разочараш личност која ти е многу важна?

 

Како овие чувства би влијаеле на твоите постапки и однесување во рамките на таа врска?

 

Какво влијание би имало врз тебе доколку знаеш дека другата личност не ти простува? А како би влијаело на тебе доколку ти прости?

 

Гревот влијае на нашето заедништво со Господ. Бог знаеше дека ќе биде така. Затоа ни го остави Неговиот Збор за да разбереме и ние.

Прочитај од 1 Јован 1:5-2:2

Кликни за текст

 

КОНТЕКСТОТ, зошто гревот прави толкава штета? (1:5)

 

Што значи тоа дека Бог е светлина?

 

Зошто е значајно тоа дека во Бог нема апсолутно никаква темнина?

 

Забележи дека ние не ја изгубивме врската со Бог (сеуште сме Негови деца). Но, нешто што е од голема вредност беше нарушено - нашето заедништво. (Заедништво е богат термин кој објаснува една хармонична, блиска врска со Бог во кој ние искусуваме љубов, водство и задоволство.)

 

1 Првото нешто што човекот не може да го каже (1:6)

 

Што е тоа што ние не можеме да го тврдиме?

 

Кои се последиците од тоа да се чекори во темина?

 

И додека е вистина тоа дека не ја изгубивме врската со Бог, ние изгубивме нешто од огромно значење - непопречено заедништво. Следствено на тоа, нашето грешење значи многу. Влијае на нас. Уште поважно, истото не му е угоно на Бог.

 

2 Второто нешто што не можеме да го кажеме  (1:8,10)

 

Со твои зборови, што кажуваат погоренаведените стихови?

 

Овие пасуси покренуваат еден универзален проблем. Нашиот постојан грев влијае на нашето заедништво со Бог.

 

Бог има решение за овој проблем! (1:9)

Во Светлината нема темнина 

Ако чекориме во темината, ние немаме заедништво со Таткото.

 

Заедништво, исповед и покајание

Решението за нашиот грев е разјаснето во глава 2:1-2. Таму откриваме како Бог ни простува. Исусовата жртва е крајното решение за нашиот грев.

 

РЕЗИМЕ

 

ПОГРЕШНИ ПРИСТАПИ:

♦ Мојот грев не е важен.

♦ Немам направено ништо погрешно.

 

Според твоето разбирање, кои се некои од последиците при ваквите погрешни пристапи?

 

ТРИТЕ ПРАВИЛНИ ПРИСТАПИ:

♦ Чекори со Бог во светлината.

♦ Отворено согласи се со Бог за твојот грев.

♦ Стреми се да го одбегнуваш гревот.

Господи, помогни ми да бидам понизен. Моето срце не е како што треба да биде. Слаб сум. Ми требаш.

 

Според 1 Јованово 1:9, што треба да направам кога ќе станам свесен за својот грев?

 

Исповедта вклучува согласување со Бог..

♦ Согласи се дека имаш згрешено.

♦ Согласи се со тоа дека ти има простено.

♦ Одврати се од својот грев.

 

ЧЕКОРИ КОИ МОЖЕ ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕШ УШТЕ ВЕДНАШ

 

  1. ДОВЕРИ СЕ НА ХРИСТОВОТО ВЕТУВАЊЕ.

Тој рече дека би ти простил.  

Во молитва, заблагодари Му на Бог што постојано те чисти од сиот твој грев.

 

  1. ИСПОВЕДАЈ КОНКРЕТНИ ГРЕВОВИ.

Направи листа од секој грев за кој си свесен. Исповедај го пред Бог и потоа напиши 1 Јованово 1:9 врз таа листа. Искини го листот и фрли го.

 

  1. ОДБИРАЈ ДА ИЗБЕГНУВАШ ГРЕВ.

Биди свесен дека оставени сами на себе, нам ни недостасува способноста да се промениме или да го одбегнуваме гревот. Мораме да потпираме на Божјата моќ.

 

Прошката е дел од Божјиот план за да направи сè ново. Верниците секојдневно имаат шанса да почнат одново, поради прошката што ја имаат во Исус Христос.

 

Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.

 


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.