17 Како да водиш мала група

Што и зошто

 

Бог работи во и преку тебе. Веќе имаш видено како луѓето за кои се грижиш преземаат важни чекори на вера. Некои од нив веќе почнале да поставуваат цврста духовна основа. Како можеш да им помогнеш да растат?

 

Изградувањето на движење вклучува заедништво. Задолжително е да имаш тим од студенти со обединети срца. Движењето цути кога студентите се сретнуваат заедно за да ја дознаат вистината. Бог ќе те искористи тебе за да ја изгради оваа заедница.

 

Следејќи го Христос ние согледуваме дека сме дел од едно поголемо семејство. Ова семејство им е потребно на студентите со кои работиш ти. Ним им е потребно место за дружење. Преку можноста за спријателување и градење блиски доверливи врски тие ќе растат уште побрзо. Некои студенти се многу скептични кон религиозните групации и организираните собири.

 

Тие се склони кон поврзување со Бог на многу индивидуален начин. Таквиот пристап не е здрав и има негативни последици. Исус направи да бидеме едно тело. Неговиот план е ние да бидеме меѓу-зависни. Тој нѐ повикува да Го славиме и да Му служиме заедно. Мудро е да развиеме заедница од студенти кои ќе растат заедно во мали групи. Малите групи помагаат да си бидеме дел од животите едни на други и да искусиме како Бог работи преку нас додека придобиваме нови луѓе.

Проучување на Библијата

 

Христијанскиот начин на живот во исто време се учи преку искуство и преку набљудување. Некои аспекти кога го следиме Христос можат да се разберат само како резултат на логично објаснување. Други пак се разбираат преку набљудување. Примерите на други луѓе кои го љубат Христос и ја применуваат Библијата во нивниот секојдневен живот можат да бидат многу силни и да нѐ мотивираат.

 

Прочитај од Евреите 10:19-25

Кликни за текст

Во Евреите 10:19-25 ние сме поттикнати да се приближиме кон Бог (22стих). Како шти ние се приближуваме кон Бог, ние треба да покажеме вера (22стих), надеж (23стих) и љубов (24стих). Ова се трите големи теми во христијанското однесување.

 

Авторот во стих 22 избрал да употреби зброви со доста поучен нагласок.  Нам ни е заповедано заедно да се приближуваме кон Бог. Стиховите од 19-25 се однесуваат на „браќата“, а не на одреден поединец. Зошто е важно тоа што оваа заповед е напишана во множина?

 

Низ целиот пасус писателот нагласува што треба да правиме заедно.

Како изгледа тоа да се „приближиме кон Бог“ (заедно)? (22стих)

 

Како изгледа тоа (заедно) да го „држиме непоколебливо исповедувањето“?   (23стих)

 

Кои практични работи може да ги направиме за да се поттикнуваме еден со друг кон љубов и добри дела? (24стих)

 

Откако текстот нѐ охрабрува да ги правиме овие три работи, тој и нѐ советува да избегнуваме едно нешто – да не ги напуштаме нашите собранијата.  Зошто мислиш дека ова е проблем?

 

Овој пасус нѐ повикува да живееме и да растеме во заедница. Малите групи не се целосни во однос на заедницата. Тие сепак се еден важен сегмент на заедницата кој може да им помогне на верниците да растат.



Разбирање на вистината

 

За почеток добро е да ги одредиш целите на малата група. Откако ќе оформиш мала група има неколку важни прашања кои треба да ги земеш во предвид.

 

♦ Како твојата мала група се вклопува во развојот на движењето?

♦ Дали твојата мала група е дел од планот да се досегне некој конкретен дел на твојот факултет или студентски дом? 

♦ Дали се фокусирате на евангелизација? Изградување на нови верници? Нивна обука за и тие да поучуваат други?

♦ Дали твојата мала група се фокусира на изградба на идните водачи?

 

Помоли се Бог да ти покаже прецизно која е целта на оваа мала група.

 

Клучни елементи

 

Целта на твојата мала група ќе ги одреди елементите кои ќе ги сочинуваат вашите собирања. Затоа што има многу различни цели ние не можеме да ти дадеме точна листа на нешта што треба да ги правите. Сепак, голем број водачи на мали групи сметаат дека следнава листа им била од помош:

 

- Молитва/славење                                        - Обука

- Поставување цели и одговорност            - Визија

- Споделување / време за зближување     

- Проучување на Божјиот Збор

 

Следниот линк ќе ти биде од помош: https://youtu.be/sa_WFQPg-s0

 

Водечки одговорности

 

Во малата улога има неколку одговорности. Водачот е тој што поучува, ја води дискусијата и ги вклучува другите. Како водач ти можеби имаш поголемо искуство во проучување на Библијата од другите членови во групата. Има работи кои треба да се објаснат како што ја проучуваме Библијата. Како водач на дискусијата, твојата задача е да им помогнеш на другите самите да ја откријат вистината. Самостојното откривање отсекогаш било моќен начин на учење. Има други во групата кои ќе растат ако преземат водство. Вклучи ги, дај им можност тие да водат кога тоа е соодветно во групата. (Пренеси им визија на студентите во малата група да водат и тие можеби наскоро ќе водат други мали групи.)

 

Групната дискусија може да изгледа како една восхитувачки добро одиграна партија одбојка. Како водач, ти им сервираш со тоа што поставуваш добро прашање. Некој одговара и му ја мести топката на друг од групата да одговори. Сите се вклучуваат во акцијата и заедно работат.

 

Кога поенот завршува, водачот сервира друго прашање. Поентата не е само да продолжи дискусијата, туку да се насочи на таков начин што ќе резултира со поука и променет живот. На пример, во контекст на Библиско проучување помогни ѝ на групата да го испроба значењето и да го примени во нивните животи. Како што групата разговара за работат на факултетите, прашањата им помагаат на сите да се вклучат и да споделат свое мислење.

 

Треба вежбање, подготовка и напорно работење за да изиграш една возбудлива партија одбојка. Истото важи и за ефективно водење на мала група. Некои прашање се многу ефективни. Некои звучат детски и се тешки да се одговорат.

 

Поставувањето прашања е многу важно:

 

Една од целите на малата група е да се изгради заедница. Заедниците растат преку интеракција. Бог ќе ја искористи дружељубивата динамика. Водачот на групата им помага на сите да земат учество во дискусијата, со што создава атмосфера во која се развиваат подлабоки врски. Поставувањето прашања е одличен начин да се негува интеракција.

 

Добар начин да се започне проучувањето е со поставување на отворено прашање кое покренува некоја тема која ќе ја разработи самата лекција. Ова не е само прашање од типот на „ајде да се запознаеме“, но е такво прашање кое ја поврзува Библијата со секојдневниот живот. На пример: да претпоставиме дека ја проучувате Ефешаните 5 глава каде Павле ги поттикнува своите пријатели да го „имитираат Бог“. Можеш да започнеш со отворено прашање како на пример: „Кога беше мал, на кого се угледуваше и зошто сакаше да бидеш баш како таа личност?“ Преку тоа едно прашање заедницата почнува да се запознава еден со друг и воедно е поставен и контекстот за проучување на Ефешаните 5 глава.

 

За време на проучувањето, на студентите од твојата група поставувај им прашања кои ќе ги натераат внимателно да го читаат пасусот од Библијата и да го истражуваат неговото значење. Ако сакаш да поставуваш ефективни прашања, ти како лидер на групата треба претходно да го имаш проучено текстот за да можат и твоите ученици да го разберат добро.

 

Ти препорачуваме да го искористиш трудот на луѓето кои веќе подготвиле вакви интерактивни библиски проучувања. Нашата организација има колекција на проучувања за мали групи наречени “cru.comm.” Овие лекции ќе ти дадат идеи прашањата кои што би можел да им ги поставиш на студентите од твојата група. Еве го линкот каде ќе ги најдеш материјалите: Cru.comm

 

Голем предизвик е да водиш разновидна група.

 

Ајде да претпоставиме дека малата група ќе ја дискутира параболата на Исус за мудрите и неразумните луѓе кои ја градат својата куќа на карпа и на песок. Еве некои од учесниците во дискусијата:

 

1. Водачот на групата кој се труди да го направи проучувањето интересно и возбудливо. Водачот ја има проучено параболата и добро ја знае содржината.

2. Наташа е многу тивка и на некој начин социјално затворена. Дури ни водачот на групата не знае многу за нејзе. За време на оваа средба, таа се чувствува нерасположено поради личен проблем.

3. Иван навистина зборува многу. Тој сака да си го слуша својот глас и има теории и мислење за сѐ. Ако водачот постави 10 прашања, тој ќе одговори на барем 8 од нив.

4. Стефан е фин и лесно допадлив. Со тек на време водачот на групата согледува дека на Стефан му е многу важно да „биде допадлив“ па така Стефан има тенденција да се согласува со сите. Неговите мислења и убедувања се повеќе како заклучок на тоа што групата го кажува отколку нешта што доаѓаат од неговото срце.

5. Елена е остра на збор. Таа вообичаено критикува сѐ. Ништо не е доволно добро. Таа има навика да ги потенцира грешките што ги забележува.

 

 

Што мислиш, каква дискусија ќе имаат овие 5 студенти?

 

Какви предизвици можеш да предвидиш?

 

Како водач на група, како можеш да се подготвиш да работиш со ваква интересна колекција на луѓе?

 


Во пракса

 

Сега е време да ја испланираш твојата мала група. Разгледај ги следниве точки кои ќе ти помогнат да одлучиш како да отпочнеш и водиш мала група.

1) Кој ќе биде дел од групата?

2) Кого ќе поканиш да се вклучи?

3) Зошто ги селектираш баш овие луѓе?

 

Во контекст на твојата цел да изградуваш движења и во контекст на луѓето што ќе ги предизвикаш да ти се приклучат во твојата група, која ќе биде целта на групата?

 

Запиши си ја целта. Колку е појасна, толку полесно ќе ти биде да предизвикаш некој да се вклучи.

 

Што ќе проучувате?

Разгледај ги материјалите на cru.comm. Кои пасуси или теми најдобро се совапаѓаат во вашата група? Запиши ги твоите иницијални идеи за групното проучување.

 

Кога, каде и колку долго?

1. Кое е најдоброто место за оваа средба?

2. Кое е најдоброто време?

3. Колку долго ќе трае средбата на групата?

 

Изградување на пријателства и заедница.

 

1. Што ќе направиш за да создадеш контекст каде што луѓето ќе се зближуваат и ќе станат пријатели?

2. Има ли некои интересни активности што можете заедно да ги правите?

 

Сега, откако ги одговори прашањата, би требало да си спремен да направиш чекор на вера и да отпочнеш мала група. Господ ќе ти помага, ќе ти даде сила и ќе те води да ги водиш другите.

 

Ние веруваме дека Бог може да ги искористи малите групи во процесот на променување на животите.

Клучни детали за создавање на добра атмосфера

- со мала подготовка можеш да направиш добра атмосфера

Локација:

Сретнете се на неформална и пристапна локација. Како предлог, добро место за средба е во собата на некој член од групата ако се согласат неговите цимери. Места како на пример просториите на некоја црква може да бидат нападни за новите членови на групата. Исто така и предавалните, иако се познати и пристапни места, не создаваат чувство на топла атмосфера и ја попречуваат слободната комуникација. 

Време:

Нека времето на средбата им одговара на сите членови од групата. Одбери време кога сите се фокусирани и будни. Провери да не има некој нешто на распоред баш во тоа време. Петоците попладне и доцните вечери се подобри за разонода отколку за средба на малата група. 

Места за седење:

Организирај ги столчињата за да може сите да се гледаат еден со друг. Седење во круг на исто ниво одговара. Исто така имај на ум колку се оддалечени столчињата. Пробајте да седите во близина за да може лесно да се гледате во очи и да се слушате, но не преблиску за да не се почувствува некој дека неговиот личен простор му е заземен. 

Пречки:

Сретнете се на место каде што ќе ги контролираш пречките и прекините колку што е можно полесно. Создадете навика луѓето да не зборуваат на телефон за време на проучувањето. Ставете известување на вратата за да не ви тропаат и не ве прекинуваат. 

Нешто за освежување:

Земи нешто за освежување (особено во првите неколку недели) за да се зближи групата и да имаат нешто што да прават на почетокот на средбата. Луѓето полесно комуницираат кога има храна. Ќе видиш дека ќе ти вреди инвестицијата. Со време, најверојатно и другите ќе ти помогнат околу ова. 

Осветлување:

Обезбеди добро осветлување за да создадеш топло чувство. Никој не треба да гледа во сонцето или кон прозор со отсјај. Исто така, избегнувај соби темни како катакомби. Целта ви е да изградите заедница, а не да гледате филм. 

Библии:

Сите можат да си симнат Библија на телефон или на таблет. Ќе им направиш услуга на луѓето ако им помогнеш околу ова. Можеби има повеќе верзии на Библијата, најдобро ќе биде сите да користите иста верзија. 

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.