05a Завршување на разговорот за Христос – Копнеж за 100% живот

А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име.

JOBAH 1:12

Што и зошто

 

Едно од најпрекрасните чувства на оваа страна од светот е кога некој пред твои очи ќе премине од царството на темнината во царството на светлината. Навистина ти се одзема здивот кога гледаш како Бог го зема гревот на некој студент и го заменува со праведност. Тоа да се случува пред твои очи и Бог тебе да те употреби за таа промена е неверојатно чувство. Додека трепнеш, Божјата благодат прави нешто што ниту еден човек не може да го направи.

 

Не треба да очекуваме сите разговори да завршат така грандиозно. Една работа е да разговарате за Христос и верувањата на христијаните, но друга работа е ти да го насочиш разговорот до момент на одлука за студентот да поверува и да му го отвори срцето на Исус Христос, Спасителот на целото човештво.

 

Во оваа лекција ќе научиш на како да го насочиш разговорот и да го водиш студентот до момент на одлука.

Проучување на Библијата

 

Прочитај од Делата на Апостолите 16:25-34

Кликни за текст

 

Во овој цитат го читаме едно од најдобрите прашања во целата Библија – „Господини, што треба да направам за да се спасам?“ Нешто се случи во срцето на Римскиот војник. Тој стана наутро и мислеше дека ќе има еден обичен ден, во кој ќе лета со мислите на секојдневни работи. Но, нешто се промени. Тој дојде до заклучок дека му е потребно спасение.

 

По твое мислење, што сакал Римскиот Војник да каже со овие зборови: „Господини, што треба да направам за да се спасам?”

 

Во 33-тиот стих, забележуваме дека Бог го искористил прашањето на војникот за да го пренесе изгубениот до Христос.

Зошто е важно тоа што Павле го крстил Римскиот војник?

 

Во оваа случка, гледаме дека војникот сам заклучил нешто. Зошто е важно тоа што војникот сам сфатил дека треба да биде спасен?

Во затворот во Филипи, Римскиот чувар на затворениците го променил мислењето за себеси. Тој станал свесен за својата потреба во животот. Тоа негово откритие ги променило и неговите прашања.

 

Многу луѓе имаат свои прашања за Бог и за духовни теми. Најчесто, тие прашања не ги водат поблиску до Царството Божјо. Разгледај ги овие прашања:

 

♦ Навистина сум толку лош?

♦ Дали е важно во што верувам?

♦ Зарем не сум подобар од просечните луѓе?

 

Ваквите прашања откриваат какво мислење има студентот за самиот себеси. Непрецизното духовно мислење за самиот себе може да биде огромна пречка во разговорот.

Ајде да им помогнеме на студентите да имаат прецизно духовно мислење за самите себе

 

Во книшката 100% живот има една илустрација дизајнирана баш за оваа цел. Отвори на 8ма страна во книшката и најди го дијаграмот со двата круга. Прашањата под круговите имаат една многу важна функција. Тие бараат од студентот да ја провери својата духовна реалност.

 

„Кој круг најдобро го претставува твојот живот?“ е многу добро прашање. Тоа бара од студентот да ја дефинира својата врска со Христос.

 

Има повеќе начини на кои може да се одговори прашањето за круговите. Ние треба да сме спремни за разговор барем за трите најчести одговори на ова прашање.

Разбирање на вистината

 

Најчесто студентите одговараат на овие три начини на прашањето - „Кој круг најдобро го претставува твојот живот?”

 

1. Животот насочен кон себеси ме претставува најдобро. (првиот круг)

2. Животот насочен кон Христос ме претставува најдобро. (вториот круг)

3. Ниту едниот, ниту другиот. Се пронаоѓам во средина. (ниту еден круг)

Ако некој се идентификува себеси со животот насочен кон себеси, ние можеме да продолжиме со наредното прашање, „А кој круг би сакал да го претставува твојот живот?”
 

Ако некој се идентификува себеси со животот насочен кон Христос, ние треба позитивно да изреагираме и да му благодариме на Бог што овој студент потврдува дека Христос работи во неговиот живот. Ако некој се идентификува себеси со животот насочен кон Христос, ние можеме да кажеме, „Супер, можеш ли отприлика да ми кажеш кога Христос премина во центарот на твојот живот?“
Ова прашање го насочува студентот кон неговата духовна животна приказна. Додека ти кажува студентот за тоа како тој/таа одлучил да премине во личност со Христос во центарот на животот, ти можеш брзо да процениш дали тој ја разбира или не ја разбира главната порака на Евангелието и вербата во Христос.

 

Понекогаш, студентите не можат да се пронајдат во ниту еден круг. Во тој случај тие кажуваат дека ниту еден круг не ги преставува нив, или се обидуваат да ни објаснат како тие се некоја комбинација од двата круга. Таков одговор исто така ни помага на некој начин. Тој студент индиректно искажува дека животот насочен кон Христос не го претставува него целосно. Оваа идентификација е многу важна. Тоа повторно ни дава право да го поставиме наредното прашање - „А кој круг би сакал да го претставува твојот живот?”

Одговор #1

само во режија на живот


Одговор #2

Христос во режија живот


Одговор #3

Ниту или измеѓу

Време за симулација

 

Најдобро се учи преку практика. Ние стануваме се подобри и подобри во разговорите преку практикување.

 

Ти и твојот партнер во евангелизација треба да ги имате прочитано 3те опции за кои пишува во оваа лекција. Во оваа симулација ќе треба да ја искористиш илустрацијата со круговите се со цел да му помогнеш на твојот партнер да се идентификува себеси. Појасни ги круговите и постави го првото прашање. Твојот партнер ќе одговори на еден од трите можни одговори. Потоа, ти ќе продолжиш како што пишува и како што учевме во лекцијата.

 

Пробајте ја оваа вежба со сите три вообичаени одговори.

Кој круг најдобро го претставува твојот живот?
Кругот со себеси на престолот

Ако некој се претставува себеси како личност која е на престолот на својот живот добро е да го прифатиме нивниот одговор и да продолжиме на наредното прашање. 

Кругот со Христос на престолот

Ако некој се претставува себеси како личност со Христос на престолот ние треба да се охрабриме еден со друг. Да се поистоветиш со Христос е многу важно. Додека се охрабруваме, треба да испитаме малку за да разбереме подобро. Добро е да поставиме прашање: „ Може ли да ми кажеш отприлика кога овој круг започна да го претставува твојот живот?“ Ова е можност на соговорникот да ја каже својата животна приказна или пак можно е да искаже дека малку му е нејасно што значи Христос да е на престолот на животот. 

Ниту еден, или некако измеѓу двата круга

Овој одговор е интересен. Иако може да води кон долга дискусија за тоа што значи тоа „ниту еден“, но не мора. Следното прашање ќе ти помогне да погледнеш подлабоко во срцето и ќе му даде можност на соговорникот да одлучи во која насока сака да се движи.

Ајде да ги погледнеме наредните две прашања.

 

Ние сите сакаме да го насочиме разговорот кон одлуката на студентот да му го отвори срцето на Господ Исус Христос. Наредното прашање „А кој круг би сакал да го претставува твојот живот?“ им помага на некои студенти да се движат кон моментот на одлуката. Очигледно е дека има различни одговори и на ова прашање.

 

Ако некој го одбере десниот круг и сака тој да го претставува неговиот живот, тогаш ти треба да продолжиш на следната страна во книшката, која му дава можност на студентот да се помоли и да му го отвори срцето на Господ Исус Христос.

 

Ние треба да се подготвиме ако некој каже дека сака да остане во првиот круг и да го управува својот живот. Еден можен пристап е да му кажеме дека можеби еден ден ќе сака да премине во вториот круг да му го предаде водството на Исус Христос и на тој начин може да му објасниме како да го направи тоа.

 

Ако некој студент е отворен да слушне како да премине кон животот со Христос, премини на другата страна од книшката.

Време во симулација

 

Повторно со твојот партнер вежбајте, симулирајќи ги двата одговора на прашањето, „А кој круг би сакал да го претставува твојот живот?”

 

 

Има уште едно, последно прашање, „Би сакал ли од срце да се помолиш со оваа молитва?“ Бог може да го искористи ова прашање за да го води студентот многу блиску до одлука. Ако студентот каже ДА, сакам да се помолам, соодветно е да Му се помолите заедно на Бог, за студентот да му го отвори срцето на Христос.

 

Кога некој му го отвори срцето на Христос или ако тој веќе е верник, мудро е да му поставиш две прашања.

 

♦ Дали ова што го слушна ти е многу важно?

♦ Кој од твоите пријатели ќе го интересира оваа тема?

 

Поттикни го верникот да ги напише имињата на оние со кои ќе го сподели евангелието.

Во практика

 

Заедно со некој пријател или со некој што има исти верувања како тебе, одете и запознајте се со некој нов студент и помогнете му во неговото духовно убедување за себеси. Побарајте од Бог да ви отвори врати за да можете да го водите студентот до момент на одлука за да му го отвори срцето на Христос.

 

Проверка на моето знаење

 

Кои работи ги научи за разговорот со нови студенти, конкретно за тоа како да им помогнеш во нивното духовно убедување за самите себеси?

 

Што беше добро во разговорот со новиот студент?

 

Што можеш да подобриш нареден пат кога ќе разговараш со нов студент за Христос?

 

Дали во некој момент од разговорот се почувствува тешкотија да се поврзете ти и соговорникот? Кога би имал друга можност, што би променил со цел да се подобриш во ова?

 

Разговарај со твојот ментор за ова искуство. Прашај го да ти каже што тој/таа научил на тема: поврзување со други луѓе.

 

Ако сакаш да видиш како некои студенти се справуваат со различните одговори, следново видео ќе ти биде интересно.

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.