10 Духовни движења

„А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа.“
Дела 2:47

Што и зошто

 

Бог е активен. Тој создава тимови од верници кои веруваат дека Христос ќе работи на нивниот факултет. Студенти токму како тебе кажуваат "да" кога Христос ги повикува да Го следат. Во послушност, тие исчекоруваат во вера, зборувајќи со своите пријатели и колеги за Христос. Бог работи преку нив за да ги промени животите на нивните пријатели за вечноста!

 

Студентите не го опфаќаат само нивниот факултет со Евангелието, туку Бог го користи нивниот тим да започне движења низ целиот свет. Колку повеќе студенти сфаќаат дека и тие можат да бидат дел од започнување на нови движења, ние толку повеќе ќе можеме да си го претставиме денот кога секој факултет и студентски дом во Источна Европа и Русија ќе биде досегнат со Евангелието на Христос!

 

Гледај го видеото на студентите од Волгоград, Русија кои ја споделуваат својата приказна за тоа како Бог работи.

Овие студенти го искусуваат зародишокот на едно ново движење. Она што започнало со послушност кон Бог резултирало со движење кое ги променува животите низ целата држава. Во наредните години, студентите од ова мало движење ќе се распространат низ целиот свет за да бидат сведоци за Христос. Еве вака изгледа да имаме движења насекаде за секој да знае некој кој навистина го следи Христос.

 

Го памтиш ли ветувањето на Христос за неговите ученици?

„Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата...” Дела 1:8

 

Проучување на Библијата

 

Ние учиме од книгата на Дела Апостолски за тоа како Бог работел помеѓу неговите луѓе. На пример, Павле и Сила се посветиле на правење ученици од сите народи. Тие патувале до Филипи и до Солун каде што се знаело дека нема верници. По пет недели, Бог воспоставил заедница на верници во секој град. Откако апостолите си заминале, овие заедници биле толку силни што по некое време помогнале во досегнување на цела Европа со Евангелието.

 

Прочитај од 16:11-15, 40

Кликни за текст

Што направил Бог? На кој начин работел?

 

Што направиле Павле и Сила?

 

Што ни додава 40стих за појасна слика на Божјата работа во Филипи?

 

Во овој пасус го гледаме почетокот на она што Бог го направил во градот Филипи. Знаеме дека Бог работел во оваа заедница и дека таа прераснала во црква. Кога го читаме писмото на Павле до црквата на Филипјаните наоѓаме постојана инспирација.

 

 

Прочитај од Дела 17:1-4

Кликни за текст

Што направил Бог? На кој начин работел?

 

Што направиле Павле и Сила?

 

Со какви предизвици се соочиле?

 

Од двете локации Павле и Сила морале нагло да си заминат заради опасно прогонство. Кога си отишле, што мислиш кој ги водел овие заедници?

new-testament-lydia-young_775495_inl

и Господ и го отвори срцето да внимава

на Павловите зборови..

 

 

paul-writing-to-ephesians-1426795-print

И некои од нив се убедија и се дружеа со Павла и Сила; а исто така и големо множество побожни Грци и не малку угледни жени.

Во пасусите што ги проучи, забележа дека Бог работел преку Павле и Сила додека тие се стремеле кон заедничка цел. Делата што ги гледаме вклучувале запознавање на изгубените со Христос и поучување на луѓе за да станат зрели (изградување). Во други примери гледаме како верниците биле испратени да го шират Евангелието и да се мултиплицираат овие заедници. Сето ова било направено заради послушност кон Христовото Големо Пратеништво.

 

Разбирање на вистината

 

Додека ги повторуваме овие и некои од другите текстови, забележуваме дека од нив произлегуваат поголеми теми. Бог делува. Тој гради заедница која ќе Му служи. Павле и оние кои се испратени од Бог му служат на Господ преку придобивање, изградување и испраќање. Овие теми ја оформуваат дефиницијата за духовно движење:

 

Бог работи,

преку тим од ученици со обединети срца

кои придобиваат, изградуваат и испраќаат

кон исполнување на

Големото Пратеништво

 

Прочитај го следниов пример и наброј ги допирните точки што ги гледаш помеѓу дефиницијата за движење и она што Бог го направил во Солун.

 

1 Солунците 1:2-10

Кликни за текст

Во видеото што го гледаше за студентите од Волгоград, Вања на овој начин ги опиша неговите почетни напори, „Ние едноставно само зборувавме за Христос затоа што не знаевме што друго да правиме.“ Вања сакал да биде градител на движење, ама не бил сигурен што требало да прави. Додека размислуваме за нашата цел, ќе видиме дека има три основни дејности кои го сочинуваат градењето на движењето. Тие се сумирани вака:

Придобивање – Водење на луѓе до Христос.

Изградување – Инвестирање во верници, помагање во нивниот растеж кон зрелост.

Испраќање – Мултипликација и започнување на нови движења.

 

Додека ги работеше лекциите од ВОЛТ ти се запозна со некои од овие компоненти. Во првите лекции, ти започна да ги развиваш своите вештини за „придобивање.“ Сега си спремен да зборуваш со некој за Евангелието и да го водиш до момент на одлука.

Потоа ти разви вештини за изградување на луѓе, помагајќи им да растат во нивната вера. Наскоро ќе проучуваш додатни лекции кои ќе те подготват да „Изградуваш“ со зголемена ефективност.

Ова е добар момент да запреме и да ја видиме големата слика за она што сакаме да го постигнеме. Твојата цел е да станеш ефективен во секоја задача – придобивање, изградување и испраќање. Исто како и Вања, треба да ги научиш сите елементи кои придонесуваат за здраво, енергично духовно движење.

 

Разгледај го интерактивниот дијаграм подолу да видиш како овие компоненти се спојуваат заедно во градењето на движењето.

 

 

 

Овие компоненти на градење на движење најчесто започнуваат со мали чекори. Без разлика дали работиш со тим од 2-3 ученици или си дел од големо движење, Бог може да ти помогне да го примениш секој елемент.

 

Јас и Ние

 

Изградувањето на движење е тимска активност. Високите цели на движењето бараат дух на соработка и тимска активност. Додека ги разгледуваме клучните елементи на движењето ние треба истовремено да ја процениме нашата лична примена на истите како и начинот на кој функционира тимот. Листата подолу ни дава можност да се потсетиме и да процениме како клучните елементи се применуваат.

ЈАС

како јас изградувам движење

ПРИДОБИВАЊЕ – поврзување со изгубените (Што правам јас)


 

ИЗГРАДУВАЊЕ – учеништво/менторство кое резултира со променет живот (Што правам јас)


 

ИСПРАЌАЊЕ – мултипликација на водачи (Што правам јас)


 

НИЕ

Како ние изградуваме движење

ПРИДОБИВАЊЕ – поврзување со изгубените (Што правиме ние)

 
ИЗГРАДУВАЊЕ – учеништво/менторство кое резултира со променет живот (Што правиме ние)

 
ИСПРАЌАЊЕ – мултипликација на водачи (Што правиме ние) 

 

Во пракса

 

Бог те поставил тебе на твојот факултет за да бидеш светлина за Христос. Преку тебе и други студенти на твојот факултет, Бог може да развие движење. Размислувај ја дефиницијата за духовно движење и одговори ги прашањата подолу.

 

Духовно движење е:

 

Бог Работи
Преку Тим
Од Студенти со обединети срца
За Придобивање, Изградување и Испраќање
Кон Исполнување на Големото Пратеништвоn

 

Што би сакал ти да направиш за да развиеш духовно движење?

 

Што бараш/му веруваш на Бог дека ќе направи?

 

Кого ќе го замолиш да ти се придружи во оваа работа? (соработник, да се моли со тебе, да те подржува)

 

Кои чекори на вера сакаш твојот тим да ги преземе во нарените 2 недели за придобивање, изградување и испраќање?

 

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.