07 Духовна мултипликација

„И што си чул од мене, пред многу сведоци, довери им го на поверливите луѓе, кои ќе бидат способни да ги поучуваат и другите!“

2 Тимотеј 2:2

Што и зошто

 

Во Дела 17:30 Бог ја изразува својата желба за луѓето од СЕКАДЕ да се свртат кон Него. Во 2 Петар 3:9 пишува дека Бог е трпелив и не сака никој да пропадне. Ако истата оваа вистина ја кажеме во потврдна форма ќе видиме дека Бог сака СИТЕ да дојдат кај Него преку покајание.

 

На 12 Март, 2012г. светската популација ја достигна бројката од 7 милијарди за прв пат и продолжува да расте. Како е можно СИТЕ да го слушнат Евангелието? На кој начин сите луѓе, од целиот свет ќе имаат можност да растат во верата? Како ќе слушнат за Христос сите студенти во градот во кој живееш?

 

Христос ни покажа еден модел на стратегија што Бог ја дизајнирал со цел исполнување на Големото Пратеништво – духовна мултипликација. Да се прават ученици кои ќе прават ученици. (Матеј 28:18-20) Ако сакаме да доживееме до денот кога СЕКОЈ ќе слушне за Евангелието и СЕКОЈ ќе има можност да расте во верата ние мора да се посветиме на присвојување на методот на Христос за досегнување на целиот свет.

Проучување на Библијата

 

Верниците од целиот свет го користат 2 Тимотеј 2 глава за да ја разберат духовната мултипликација. Во ова писмо, Павле, искусниот евангелист и ментор, му дава насока на помладиот верник. Тој му објаснува на Тимотеј како да работи. Вториот стих ни ја илустрира стратегијата. Од 3ти до 7ми стих пишува за издржливоста, фокусот и интензитетот што Тимотеј треба да го има како слуга на Бог што ја применува оваа стратегија.

 

Прочитај го 2 Тимотеј 2:2

 

„И што си чул од мене, пред многу сведоци, довери им го на поверливите луѓе, кои ќе бидат способни да ги поучуваат и другите!“  (2 Тимотеј 2:2)

 

Со твои зборови објасни ги инструкциите што Павле му ги дава на Тимотеј.

 

Многу луѓе се спомнати во овој краток стих. Запиши го секој човек, или група на луѓе кои се спомнати. (Почни со Павле кој се спомнува себеси во овој стих)

 

Сега откако ги запиша сите што се спомнати, како би го опишал концептот на духовна мултипликација?

 

Павле го поучува Тимотеј да работи на начин кој ќе резултира со умножување на работници. Ако го анализираме овој стих уште повеќе ќе видиме дека има неколку генерации на „работници“. Она што започна со Павле продолжува многу повеќе од само Тимотеј.

 

Глаголите во вториот стих ни отсликуваат што сѐ е вклучено во таа духовна мултипликација.

 

„И што си чул од мене:“

Тука има една порака. Тоа е Евангелието. Тоа е вистината.

 

Довери им го:“

Што комуницира зборот „довери“ ?  

 

„Кои ќе бидат способни да поучуваат други:“

Што мислиш од што се состои „ќе бидат способни да поучуваат     други?”

 

Стратегијата на Павле во вториот стих е проследена со три споредби што го опишуваат трудот на оние кои се вклучени во духовната мултипликација.

 

3 Како добар војник на Исус Христос издржи го твојот дел од страдањата, како што и јас го издржувам мојот дел. 4 Kога еден војник е на должност не треба да се плетка со цивилни работи. Само така ќе може да го исполни она што од него го бара неговиот претпоставен. 5 Kога еден атлетичар се натпреварува, не може да победи, ако не се придржува до правилата. 6 Земјоделецот што напорно работи треба прв да вкуси од плодовите на својот труд.  - 2 Тимотеј 2:3-6

 

Што можеш да научиш од споредбата со војникот во 3ти и 4ти стих?

 

Што можеш да научиш од споредбата со спортистот во 5ти стих?

 

Што можеш да научиш од споредбата со земјоделецот во 6ти стих?

Разбирање на вистината

 

Ние сме благодарни што Павле во 2 Тимотеј 2:2 вовел стратегија за служба. Благословени сме и што во Делата на Апостолите можеме да видиме како тој ја спровел во пракса оваа стратегија. Павле го зел Тимотеј под закрила и почнал да го поучува. Тимотеј почнал да расте затоа што заедно служел со Павле. Многу е веројатно и дека Тимотеј го придружувал Павле на неговото второ и трето мисионерско патување.

 

Тие биле толку блиски што Павле му пишува на Тимотеј во „ Тимотеј 3:10-11, „А ти го следеше моето учење, начинот на живеење, замислата, верата, долготрпението, љубовта, трпението, гонењата, страдањата што ми се случија во Антиохија, Иконија и Листра...“ Јасно се гледа во овој цитат дека тие имале многу блиска врска. Со текот на времето, Тимотеј се покажал како поверлив човек, способен да поучува други. Павле го опишува и како „мојот соработник“ (Римјаните 16:21).

 

Тимотеј растел и почнал да поучува други. Тој ги учел нив и тие поучувале други. Црквата почнала да расте.

 

Ние сме посветени да го следиме овој пример. По Божјата благодат, ние ќе поучуваме други, кои ќе поучуваат други. Нашата цел е генерациска. Нашата цел е да се прошири Евангелието од срце до срце и да се подготвуваат работници за жетвата.

 

Брилијантноста на духовната мултипликација:

 

Претходно спомнавме дека СИТЕ се однесува на една масовна бројка на луѓе. Бог ни ја дава духовната мултипликација како стратегија преку која може да се заврши оваа задача и сите да слушнат за Христос.

 

Paul and Tim walking

 

 

 

Што ти остави позитивен впечаток во ова видео?

 

Има нешто многу убаво во духовната мултипликација

 

Ако го разгледаме примерот на Павле и развојот на Тимотеј во духовен мултипликатор ќе ја забележиме интензивната лична природа на стратегијата. Една личност инвестира во живот на друга. На овој начин се изразуваат Божјата љубов и грижа. Еден човек му помага на друг човек да расте во верата. Воопшто не е чудно што Павле му се обраќа на Тимотеј како да е негов син. Тие имале посебна врска.

 

Оваа стратегија која е толку лична во исто време поседува моќ да го досегне СЕКОГО. Во денешно време има еден голем недостиг кој сите ние го чувствуваме. Има премногу луѓе кои што го немаат слушнато Евангелието. Има толку многу луѓе што имаат мало разбирање за тоа Кој е Христос и што Тој направил за нив. Треба да слушнат.

 

Ако сакаме да ја пополниме таа празнина и ако се стремиме кон запознавање на сите студенти од нашата држава со Христос, нам ни е потребна ефективна стратегија. Бог нѐ насочува кон духовната мултипликација. Поради тоа, ние сме посветени да станеме духовни мултипликатори. Стратегијата на нашето движење е духовната мултипликација.

 

Духовната мултипликација се дефинира како придобивање на луѓе за Христос и изградување на оние што се поверливи така што и тие ќе придобиваат, изградуваат и испраќаат други луѓе, генерација по генерација. Мултипликација подразбира изградување на ученици кои ќе прават нови ученици.

 

Следново видео е пример за тоа како Бог мултиплицира работници на жетвата помеѓу денешните студенти.

 

Инвестиција на време, посветеност и љубов се користи од страна на Бог да им помогне некој да расте.

image

Лице кое е discipled учи како тие можат ученик некој друг.

Во пракса

 

Предизвикот на духовната мултипликација

 

Духовната мултипликација е Божја стратегија. Тој те поканува да поучуваш други.

 

Тоа е твоја одлука. Ти можеш да се стремиш кон таа цел или како многу други луѓе, ти можеш да се стремиш кон нешто друго. Ако направиме чекор на вера и се потпреме на Бог - Тој да нѐ направи духовни мултипликатори, Тој ќе почне да работи во нас. Бог едвај чека да ги слушне молитвите на неговите деца – „Боже, те молам да ме направиш поверлива личност која ќе биде способна да поучува други.“ Нашето глобално движење е исполнето со студенти кои се молат со оваа молитва, кои направиле чекори на вера и станале духовни мултипликатори.

 

jesus-hand-follow-me

Одлуката е наша:

На кој начин ти зборуваше Бог додека ја проучуваше духовната мултипликација?

 

Ако станеш духовен ментор какво влијание ќе имаш на твојот Факултет?

 

Предизвик:

 

Да почнеш со духовна мултипликација е чекор на вера. Дали сакаш да се помолиш на следниов начин за да се посветиш на духовна мултипликација?

 

„ Боже, сакам да бидам духовен мултипликатор. Те молам работи преку мене за да им помогнам на другите студенти да зборуваат за Христос и да поучуваат други. Како што пишува во 2 Тимотеј 2:2, те молам да ми овозможиш да работам со поверливи луѓе кои ќе поучуваат други. Те молам Татко поучи ме. Обучи ме. Работи во моето срце да ги сакам луѓето, Твоето Евангелие и целиот свет. Го прифаќам предизвикот да станам духовен мултипликатор. Амин.“

 

Пренеси го знаењето

 

Многу луѓе, прв пат слушаат за концептот на духовна мултипликација. Тие ја немаат откриено неверојатната стратегија во 2 Тимотеј 2:2 која е во исто време и лична и широкоопфатна. Тие можеби не ни веруваат дека Бог може да ги искористи да им влијаат на луѓето на ваков начин.

 

Пробај да најдеш две личности кои можеби треба да слушнат за пораката во 2 Тимотеј 2:2. Договори се да се видиш со нив и прашај ги дали може да им кажеш што си научил од писмото на Павле до Тимотеј. Дај им до знаење дека веруваш во нив и дека Бог може да направи големи нешта преку нив.

 

Можеби овие двајца ќе одлучат да ти се приклучат во тимот на мултипликатори во кој си вклучен и ти самиот.

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.