13 Закажување на втора средба

Откако Павле зборувал со некои луѓе во Атина за Христос во тој пасус има запишано неколку различни реакции на неговата порака.

Некои мажи се прилепија при него и поверуваа. – Дела 17:34

„Други рекоа, ‘Ќе те слушнеме друг пат за тоа.’“ - Дела 17:32

Што и Зошто

 

Во целиот свет има студенти кои се спремни да му го отворат срцето на Христос уште првиот пат кога ќе го слушнат евангелието. Ние дефинитивно сакаме да ги најдеме овие студенти. Но, исто така знаеме дека другите студенти (најверојатно поголем број на некои факултети) треба да разговараат повеќе пати на оваа тема за да одлучат да поверуваат во Христос.

 

Ова поттикнува неколку прашања:

> Дали си подготвен да водиш некој студент не само во еден разговор, туку и во втор?

> Дали има некоја стратегија која ќе ни помогне да се сретнеме со студентите по втор пат?

 

Ние, како интернационално движење, работевме на собирање на информации од многу факултети. Од Гданск до Москва, од Љубљана до Софија, произлезе еден предизвик. Твоите колеги заклучија дека е полесно да се договориш со некој студент за прва средба отколку за втора. Премногу често се случува некој студент да каже дека со нетрпение чека да се видите пак и да не се појави кога ќе се договорите.

 

Добро подготвен градител на движења не е подготвен само за првиот разговор. Ние сакаме да бидеме подготвени да им влијаеме на студентите многу подолго од само прв впечаток.

Проучување на Библијата

 

Воопшто не нѐ изненадува кога откриваме дека Библијата посочува на луѓето на кои им биле потребни повеќе разговори за да растат во својата вера.

Прочитај од Јован 9:1-12

Кликни за текст

 

Во овој пасус пишува за еден човек кој страдал поради сериозен недостаток. Неговиот прв разговор со Исус ни изгледа многу краток.

 

За што зборува тој со Исус во нивниот прв разговор?

 

Со кои зборови слепиот човек го опишува Исус во 11ти стих? Дали неговиот избор на зборови ни открива нешто повеќе за неговото примарно сфаќање за Исус кога прв пат се сретнале?  

Прочитај ги стиховите од 9:13-17

Кликни за текст

 

Очигледно е дека човекот не го оставиле на мир да ужива во својот ново пронајден вид. Човекот бил вовлечен во несогласување затоа што Исус го исцелил.

 

Која е новата титула што човекот му ја дава на Исус за време на неговото испрашување од страна на Фарисеите?

 

Што кажува оваа титула за верата на човекот?

 

Прочитај ги стиховите од 9:35-38

Кликни за текст

 

Божјиот Син, Исус Христос знаеше точно во што верува овој човек. Тој ги знаеше јаките страни и слабостите на верувањата на овој човек. Така, Исус му пристапи и по втор пат на овој човек и му постави едно прашање. „Веруваш ли ти во Синот Божји?”

 

Што мислиш, зошто Исус му го поставил ова прашање?

 

Што ни кажува 36тиот стих за срцето на овој човек?

 

Втората средба на Исус со човекот резултира со уште една голема промена во животот на овој човек. Каква е таа промена според 38-иот стих?

 

Како заклучок, овој човек имал краток разговор со Исус. Прво, поверувал нешто за Исус, но оваа општа вера не била целосна вера. Во вториот разговор тој разбира и верува дека Исус е Синот Божји. Дури тогаш се поклонил пред Исус.

Разбирање на вистината

 

Исто како човекот што бил роден слеп, така и многу луѓе се на духовно патување кое бара повеќе од еден разговор. Тие прават чекори на вера. Ако има повеќе чекори на патот, претставува голем проблем кога студентите не сакаат да разговараат по втор пат со нас.

 

Добри причини поради кои се соочуваме со овој предизвик:

 

Павле вели дека евангелието е безумство за оние кои пропаѓаат. Јован вели дека темнината не ја опфати светлината. (Јован 1:5). Сепак, слушањето на евангелието најчесто не е удобно, лесно искуство. Евангелието го вознемирува срцето на човекот кој живее себичен живот. Природата на нашата порака може да ги поколеба студентите за повторно да се сретнат со нас.

 

Други фактори кои придонесуваат кон овој предизвик:

 

Евангелието не е единственото нешто што може да претставува пречка. Понекогаш ние не ја искажуваме Христовата љубов. Можеби сме премногу фокусирани на завршување на целата порака па сме премногу нападни. Нашето однесување и став оставаат впечаток. Ако тој впечаток е позитивен, луѓето најверојатно ќе сакаат пак да се сретнат со нас. Ако начинот на кој зборуваме им изгледа арогантен или без чувства, луѓето ќе бидат наклонети кон прекинување на секаков контакт со нас.

 

Овие два начина на однесување ни ги зголемуваат шансите за втора средба:

 

 1. Биди 100% сигурен дека има дијалог, а не монолог.

 

Ако го анализираш твојот разговор за Христос со други луѓе, можеби ќе забележиш дека на почетокот на разговорот ти поставуваш прашања. Како резултат на тоа, ти и твојот соговорник зборувате за искуства и размена на идеи. Оваа размена на идеи покажува почит, комуницира грижа и создава пријатна атмосфера.

 

Понекогаш, кога ќе преминеме на евангелието, нашиот дијалог мигрира во насока на монолог. (Дијалог – двајцата разговараат и секој човек активно е вклучен во разговорот. Монолог – Само еден човек зборува а другиот човек слуша) Ние имаме многу работи за кажување. Имаме омилени илустрации. Почнуваме со емоции да зборуваме на темата. Сето ова е добро. Сепак, ако овој разговор премине во монолог некои луѓе можеби ќе се чувствуваат како да се на некоја презентација.

 

Повеќето луѓе не сакаат такви презентации. Така да, кога ќе помислат на вториот разговор, ќе треба да го надминат својот страв од „втората презентација“ па тогаш да се согласат да се видите.

 

Треба да го одржуваме дијалогот додека го презентираме евангелието. Постојано треба да имаме на ум дека нашата цел е да му помогнеме на студентот да се запознае со Христос, затоа треба да изградиме еден контекст кој ќе ни даде големи шанси за повеќе од само еден разговор.

 

2. Договорете се за втора средба и нагласи дека сакаш повеќе ти да слушнеш од него.

 

Принцип: Луѓето најверојатно ќе сакаат да се сретнат по втор пат со тебе ако се чувствуваат почитувани и ако можат да придонесат кон некоја цел. Во разговорот, ако почувствуваат дека имаат состанок со некој експерт, на тема на која можат многу малку да кажат тие ќе избегнуваат понатамошен контакт.

 

„Стратегијата нареден пат“. 

 

„Стратегијата нареден пат“ е креирана со цел да искажеме почит спрема човекот со кој зборуваме и да му дадеме до знаење дека има што да научиме од него. Стратегијата започнува со внимателно слушање. Кога зборуваме со некој човек, треба да најдеме нешто интересно што тој ќе каже. Следниве примери се интересни теми што произлегуваат од вообичаени разговори:

 

♦ Баба му на Филип била позитивен духовен пример за целата фамилија.

♦ Марија имала „духовно искуство“ кога зборувала со свештено лице.

♦ Мартин е навреден од некој духовен лицемер и сега се сомнева во религиозни лица.

♦ Магда прочитала некоја книга за некој човек кој доживеал промена поради верата во Бог и има многу прашања.

 

Очигледно е дека може да произлезат илјадници теми во еден разговор. Ако најдеш некоја „интересна тема“, можеш да искажеш личен интерес кон другата личност со тоа што ќе ја искористиш „стратегијата нареден пат“. Еве како може да функционира:

 

„Филип, ти ми спомна дека баба ти била позитивен пример за тебе и за твоето семејство. Нареден пат кога ќе се видиме би сакал да седнеме и да ми кажеш малку повеќе за тоа и како таа му влијаела на твоето семејство?”

„Марија, немам заборавено за тоа што ми го кажа кога си зборувала со свештеното лице и колку многу тоа ти влијаело на твојот начин на размислување. Баш ме заинтересира и би сакала да правиме повеќе муабет за тоа. Нареден пат кога ќе се видиме, ќе ми кажеш повеќе детали, во ред?” 

 

„Мартин, тоа што го кажа ме заинтересира и баш би сакал да правиме повеќе муабет на оваа тема. Тебе те напнувал некој лицемер. Сигурно не ти било сеедно. Нареден пат кога ќе се видиме ќе ми кажеш повеќе детали, во ред?”  

 „Магда, треба да одиме на предавање сега. Но, ме заинтригира, тоа што спомна некоја книга што многу ти влијаела во животот. Може ли нареден пат кога ќе се видиме пак да ми кажеш за книгата и накратко да ми кажеш што ти остави најголем впечаток?”

 

Овие примери ни илустрираат една главна поента. Со тоа што ќе ги мотивираме да ни кажат повеќе за тема што ја знаат или имаат искуство ние ги покануваме на дијалог. Ние им комуницираме дека и тие имаат што да придонесат во тој дијалог. Ставаме нагласување на тоа што откривме нешто вредно што тие го кажале. Исто така дознаваме повеќе за нивното духовно патување што ни помага да се зближиме. Кога ја кажуваме поканата со фразата „нареден пат“ ни помага да не им ставаме притисок. Добар начин на покана во добра атмосфера.  

 

На кој начин функционира ова? Откако ќе го поставиш „нареден пат“ прашањето, разменете си ги броевите. Ако ти го даде бројот тоа е затоа што знае дека „нареден пат“ ќе му се јавиш за да се видите повторно.” По ден-два, јави им се и покажи интерес да се зближите. На пр. „ Магда, добар разговор си направивме пред некој ден. Многу пријатна личност си. Ти спомнав дека нареден пат кога ќе се видиме сакам да прочитаме и да ми кажеш за книгата што ми ја спомна. Кога да пиеме кафе?

 

Забелешка: Стратегијата „нареден пат“ е еден добар пристап кој става нагласување на придонесот на другиот студент во разговорот. Иако сакаме да се зближиме понекогаш не го покажуваме тоа. Ние без да знаеме се однесуваме како луѓе кои сакаат цело време да зборуваат. Оваа стратегија нема да гарантира дека 100% ќе се видиш повторно со студентот. Но, поголема група на луѓе сметаат дека ја зголемува бројката на втори средби. Ја зголемува можноста да продолжиме со разговорите за Христос.

Во практика

 

Време е да ја употребиш „стратегијата нареден пат“. Заедно со некој твој пријател или со ментор, преземете иницијатива и пробајте да започнете духовен разговор со некој студент. Биди претпазлив, разговорот да биде дијалог а не монолог. Слушај внимателно на она што студентот ќе го каже. Како што слушаш, пробај да комуницираш дека сакаш да се видите повторно со цел да се зближите. Прашај, „Дали сакаш некогаш да се видиме за...“

 

Анализирај го разговорот:

 

Побарај од твојот пријател или ментор да те анализира и да процени кој дел од разговорот бил наклонет кон дијалог и дали имало некој моменти на монолог.

 

Кои се твоите јаки страни и слабости при разговорот?

 

Оцени како ја употреби „стратегијата нареден пат“? Дали можеш да најдеш начин да ја подобриш?

Кликни овде за медиумски заслуги


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.