Ова прашање ја поттикнува личноста да направи себе-евалуација. Кога тие ќе одговорат каде најпрецизно се пронаоѓаат во дијаграмот, се создава значаен простор за дискусија.
Ако некој се пронајде на долната линија на дијаграмот, тој искажува значајна перспектива. Моментално таа личност не смета дека му верува на Христос да ја помири со Бог. Од тука, ти најверојатно ќе можеш да преминеш на следното прашање со кое што ќе истражиш кој дел од дијаграмот личноста би сакала да ја претставува.
Доколку некој се идентификува со горната линија на дијаграмот, тие даваат некаков вид на позитивна изјава за важноста на Христос во нивните животи. Би било соодветно да прашаш, "Дали може да ми кажеш нешто повќе за времето кога ја донесе оваа одлука да поверуваш во Христос Тој да ја обнови твојата врска со Бог?" Ова прашање ги поттикнува да го споделат своето сведоштво.
Некои луѓе не преферираат "или/или" прашања. Некои луѓе не мислат дека припаѓаат некаде во дијаграмот кој го нацрта. Со самото тоа што не се идентификуваат со горната линија, ти сепак дознаваш нешто за нивното гледиште на Исус. Во моментот, изгледа дека тие немаат поверувано во Христос за обнова на нивната врска со Бог. Имајќи го на ум ова, можеш да продолжиш со следното прашање.