Павле зборувал дека сака да биде „добар градител“, сакал да знае како да го прави тоа најдобро. Ние сакаме да бидеме како него додека му служиме на Господ.
Оваа лекција изобилува со прашања. Секое прашање е лесно за нов верник да го одговори. Остави им простор да се "изборат" со текстот и да ја пронајдат вистината. Љубопитно слушај го нивниот одговор. Фокусирај се на тоа да дознаеш што тие навистина веруваат. Ја имаш постигнато целта ако твојот соговорник зборува повеќе од тебе. Навистина откриј што тие мислат и насочи ги кон Божјиот Збор. Остави простор за Божјиот Збор да ги убеди.
Најважниот дел од секоја лекција е Библијата. Осигурај се дека вашата дискусија е поврзана со Божјиот Збор. Твојот соговорник нека ги чита библиските стихови на глас. Ти прочитај некои од другите пасуси. Текстовите се понекогаш во самата лекција или се само на еден клик поврзани со линк.
Секоја лекција има барем еден видео клип. Овие кратки визуелни презентации придонесуваат да има разновидност во вашата интеракција. Некои студенти ќе бидат многу среќни што има видео клип кој го збогатува материјалот. Некои нема толку да бидат имресионирани. Очигледно, ние работиме со широка палета на најразлични луѓе. Одвој време да му дозволиш на соговорникот да ужива во пораката од клипот.
Од тебе зависи на кој начин ќе работиш со пополнување на одговорите. Едноставно може само да зборувате за одговорите. Може да одвоиш време за твојот соговорник да ги запише своите одговори. Ти одлучи. Имаш слобода!
Секој човек си има свој стил. Ако сакаш да црташ или чкрткаш, ПРАВИ ГО ТОА. Приспособи ја лекцијата за надградба како што ТЕБЕ ти одговара. Изрази го твојот карактер во неа. Од срце прави го тоа. Ако си најдобар со пенкало и лист ... така работи си!