- со мала подготовка можеш да направиш добра атмосфера
Сретнете се на неформална и пристапна локација. Како предлог, добро место за средба е во собата на некој член од групата ако се согласат неговите цимери. Места како на пример просториите на некоја црква може да бидат нападни за новите членови на групата. Исто така и предавалните, иако се познати и пристапни места, не создаваат чувство на топла атмосфера и ја попречуваат слободната комуникација.
Нека времето на средбата им одговара на сите членови од групата. Одбери време кога сите се фокусирани и будни. Провери да не има некој нешто на распоред баш во тоа време. Петоците попладне и доцните вечери се подобри за разонода отколку за средба на малата група.
Организирај ги столчињата за да може сите да се гледаат еден со друг. Седење во круг на исто ниво одговара. Исто така имај на ум колку се оддалечени столчињата. Пробајте да седите во близина за да може лесно да се гледате во очи и да се слушате, но не преблиску за да не се почувствува некој дека неговиот личен простор му е заземен.
Сретнете се на место каде што ќе ги контролираш пречките и прекините колку што е можно полесно. Создадете навика луѓето да не зборуваат на телефон за време на проучувањето. Ставете известување на вратата за да не ви тропаат и не ве прекинуваат.
Земи нешто за освежување (особено во првите неколку недели) за да се зближи групата и да имаат нешто што да прават на почетокот на средбата. Луѓето полесно комуницираат кога има храна. Ќе видиш дека ќе ти вреди инвестицијата. Со време, најверојатно и другите ќе ти помогнат околу ова.
Обезбеди добро осветлување за да создадеш топло чувство. Никој не треба да гледа во сонцето или кон прозор со отсјај. Исто така, избегнувај соби темни како катакомби. Целта ви е да изградите заедница, а не да гледате филм.
Сите можат да си симнат Библија на телефон или на таблет. Ќе им направиш услуга на луѓето ако им помогнеш околу ова. Можеби има повеќе верзии на Библијата, најдобро ќе биде сите да користите иста верзија.