Најчесто се молиме, бараме од Бог да ни даде мудрост. Следниве практични совети се покажале како полезни за оние кои работат со втора генерација на ученици.
Работата со луѓе со себе повлекува многу прашања и предизвици. Планирај да бидеш активен во охрабрувањето. Одвоj време за слушање. Сфати дека работата со други луѓе ќе придонесе да се изградат нови карактерни особини кај твојот ученик. Помогни му на твојот ученик да го извлече максимумот од овие можности.
Само затоа што овие студенти не се „твои ученици“ не значи дека треба да си оддалечен од нив. Всушност, тешко е да се молиме за оние кои не ги знаеме. Имаме можност да бидеме охрабрување и да имаме позитивно влијание во животот на овие студенти. Затоа, барај можност како да се вклучиш во нивниот растеж. Отиди на некоја забава со нив. Отидете на одмор заедно. Искусете го животот заедно. Ова најверојатно многу ќе го охрабри твојот ученик.
Додека работиш со твојата втора генерација направи простор за твојот ученик да води. Биди му поддршка во неговата/нејзината работа. Пази се од искушението незабележливо да преземеш водство. Потсети го твојот ученик дека веруваш во него/неа.
Побарај од Бог да им даде мудрост и смелост која е потребна за нивниот нареден чекор на вера. Побарај од Бог да ги потсети кои се тие во Христос и дека Тој може сѐ да направи преку нив. Побарај од Бог да ја благослови нивната работа додека тие ја започнуваат следната генерација ученици.